Хаџи Димитар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава pl:Bitwa na górze Buzłudża
Elkost (разговор | придонеси)
кат.
Ред 10:
}}
'''Димитар Николов Асенов''', попознат како ''Хаџи Димитар'', е еден од најзначајните бугарски војводи. Загинува на 28 годишна возраст, по тешка борба со османлиските сили. По повод неговата смрт [[Христо Ботев]] ја напишал истоимената песна <ref>[http://www.slovo.bg/showwork.php3?AuID=1&WorkID=3158&Level=1 Жив е тој, жив е]</ref>.
 
== Биографија ==
Хаџи Димитар е роден во [[Сливен]] во семејството на трговецот Никола и Маринка Асенов. Кога имал две години, тој и неговото семејство одат на поклонение во [[Ерусалим]] и оттогаш Димитар е аџија или хаџија.
[[Податотека:Sliven Hadzhi Dimitar.JPG|мини|лево|300п|Родната куќа на Хаџи Димитар во [[Сливен]]]][[Податотека:Stefan-Karadzha-zname.jpg|мини|десно|Знамето на четата на Хаџи Димитар и Стефан Караџа]]
 
Во 1862 година Хаџи Димитар излегува на [[Балкан |Балканот]] и во текот на целото лето, заедно со чета, ја обиколувал планината. Во пролетта 1864 година се вклучува во четата на Стојан војвода од Сливен како знаменосец (бајрактар). Четата е од 12 душа и има за задача да го убие трновскиот грчки владика. Пред да влезат во [[Трново]] четата се распаѓа и четниците се одделуваат од војводата. Командата ја презема Хаџи Димитар, кој ги води кон Сливенскиот Балкан.
 
Ред 20 ⟶ 22:
 
Во пролетта 1868 година во [[Романија]] се формира четата на Хаџи Димитар и [[Стефан Караџа]]. На 5 јули 1868 година четата го преминува [[Дунав]] со една гемија (сплав). Првата борба ја водат со турска потера од околу 1 000 души. Четата успеала да и избега на потерата и низ ноќта успеале да стигнат до Карапанова Курија во атарот на селото [[Горна Липница]]. Тука на 7 јули, четата ја води втората борба во која османлиите имале значителни загуби, а од четата еден бил убиен и двајца биле ранети. На 8 јули се разврзала борба во близината на селото Вишовград, во месноста Долгидол. Денес таму има споменик.
 
[[Податотека:PB127418 (2).jpg|мини|лево|Споменик на Хаџи Димитар во село Гавраилово]]
На 9 јули во Канладере, во околината на Вишовград, на неколку километри на југ-југоисток од Далгидол, се разврзала крвава борба во која четата била разбиена. Стефан Караџа бил ранет и заробен. Под раководство на Хаџи Димитар останатите 58 души продолжуваат кон Балканот. Денес во месноста Канладере (''"крвава река"'' на турски), има споменик и фонтана, посветени на загинатите четници. Локалното население организира прослава на четвртата битка околу 21 јули (9 јули стар стил).
 
На 18 јули 1868 година во врвот Бузлуджа во Шипченска планина се разврзала последната борба на четата. Во оваа битка е тешко повреден самиот Хаџи Димитар. Бил одвлечен од тројца четници и за три деноноќија е однесен на врвот Кадрафил во Срнена средна гора, во близина на денешното село Свежен. И покрај грижата на локалните овчари, Хаџи Димитар умрел од повредите околу 29 јули/10 август 1868 година. Погребан е на истото место <ref>Историята-далечна и близка, Пламен Павлов, изд. АБАГАР, В. Търново, 2010, стр.156.</ref>. 12 години подоцна, воноември 1880, коските се повторно закопани свечено во дворот на Црквата ''"Св.Петар и Павле"'' во село Свежен од Пловдивски Викарен Владиката Гервасиј Левкијски (подоцна Митрополитот Сливенскиот).
 
Според очевидец [[Христо Македонски]] <ref>[http://www.promacedonia.org/hm/hm_p14.htm Македонски, Христо. „Записки на Христо Македонски, (1852-1877)“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1983.]</ref>, Хаџи Димитар е убиен на врвот Бузлуџа. Меѓутоа некои од преживеани од битката не се согласиле со таквата констатација. Познатиот деец д-р Васил Берон собирал сведоштва за Хаџи Димитар. Во своите ''"Археолошки и историски истражувања"'' (Трново, 1886 година), тој опишува една своја средба во есента 1868 година во Болград ([[Бесарабија]], денес во [[Украина]]) со еден од преживеаните четници, родум од [[Котел]], кој раскажува дека војводата бил ''"лошо повреден при Бузлуџа"''. Во различни моменти се смета дека во Средна Гора можеби бил погребан братот на Хаџи - Тодор, кој исто така учествувал во четата. Това сепак исто така не одговара на вистината, бидејќи Тодор Асенов загинува во битката кај Дебелиот даб, Габровско.
Ред 30 ⟶ 33:
 
== Извори ==
<references />
{{commonscat|Hadzhi Dimitar}}
<references />
 
[[Категорија:Сливен]]
[[Категорија:Бугарски револуционери]]