Движење (физика): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.29.168.77 (разговор), вратено на последната верзија на EmausBot
Ред 13:
Движењето во универзумот во физиката се опишува преку две групи на контрадикторни [[Закон (наука)|закони]] на механиката. Движењата на сите крупни (големи) и познати објекти во универзумот (како проектили, планети, клетки и луѓе) се опишани во класичната механика. За разлика од нив, движењата на многу малите атомски и [[Субатомска честица|субатомски објекти]] се опишуваат од страна на квантната механика.
 
=== Класична механика ===
Ma ne me zemarajte ostavete veke
{{Main|Класична механика}}
Класичната механика ги опишува движењата на [[Макроскопија|макроскопските]] објекти, од [[проектил]]и до делови на [[Машина|машинерии]], како и [[Астрономски објект|астрономски објекти]] ([[Вселенски брод|вселенски бродови]], [[Планета|планети]], [[Ѕвезда|ѕвезди]] и [[Галаксија|галаксии]]). Таа дава многу прецизни резултати во рамките на овие домени и е еден од најстарите и најголеми предмети во [[наука]]та, [[инженерство]]то и [[технологија]]та.
 
Класичната механика во основа е базирана на [[Њутнови закони|Њутновите закони на движењето]]. Овие закони ја опишуваат врската која постои меѓу силите што дејствуваат на дадено тело и движењето на тоа тело. Њутновите закони гласат:
 
# Во отсуство на вкупна надворешна сила, телото или мирува или се движи со константна брзина;
# Вкупната надворешна сила што дејствува на телото е еднаква на масата на тоа тело помножена со неговото забрзување; '''F''' = ''m'''''a'''. Друг начин на искажување на овој закон: силата е пропорционална со [[Извод на време|изводот на времето]] на [[Импулс (механика)|импулсот]];
# Кога едно тело дејствува со сила '''F''' на друго тело, другото тело дејствува со сила '''-F''' на првото тело. '''F''' и '''-F''' се еднакви по јачина, но спротивни по насока.
 
Њутновите три закони на движењето, заедно со неговиот [[Њутнов закон за гравитација|универзален закон за гравитацијата]], ги објаснуваат [[Кеплерови закони|Кеплеровите закони на движење на планетите]], кои за прв пат на прецизен начин дале [[математички модел]] или сфаќање за телата што орбитираат во [[вселена]]та. Ова објаснување ги обединило движењата на вселенските тела и движењата на објектите на Земјата.
 
Подоцна класичната механика е развиена со законите на [[специјална релативност]] и [[општа релативност]] на [[Алберт Ајнштајн]]. Специјалната релативност го објаснува движењето на објектите со голема брзина, која се приближува до [[Брзина на светлината|брзината на светлината]], додека општата релативност го засега гравитациското движење на подлабоко ниво.
 
=== Квантна механика ===