Богородица: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Целосно избришана страница
с Отстрането уредувањето на 178.222.102.184 (разговор), вратено на последната верзија на PixelBot
Ред 1:
{{Infobox person
|name=Марија
|image=Mary16thC.jpg
|caption=Православна икона од Марија
|birth_place=
|death_place=
|death_date=
|death_cause=
|resting_place=
|ethnicity=еврејка
|residence = [[Назарет]], [[Галилеја]]
|nationality=[[Дванаесет израелски племиња|Израел]], [[Римска Империја]]<ref>''The Life of Jesus of Nazareth'', By Rush Rhees, (BiblioBazaar, LLC, 2008), page 62</ref>
|parents= (Според [[Евангелие според Јован|Евангелие на Јован]], околу 150): [[Свети Јоаким|Јоаким]] и [[Света Ана|Ана]]<ref name="ReferenceA">Ronald Brownrigg, Canon Brownrigg ''Who's Who in the New Testament'' 2001 ISBN 0415260361 page T-62</ref>
|spouse = [[Свети Јосиф|Јосиф]]<ref name=Ruiz>Ruiz, Jean-Pierre. "Between the Crèche and the Cross: Another Look at the Mother of Jesus in the New Testament." ''New Theology Review''; Aug2010, Vol. 23 Issue 3, pp3-4</ref>
|children = [[Исус од Назарет]]}}
'''Богородица Марија''' ([[латински]]: ''Virgo Maria, Deipara'', [[грчки]]: ''Μαρία, Θεοτόκος, Θεομήτωρ'', [[хебрејски]]: מירים, [[арапски]]: مريم) според верувањата на [[христијани]]те била мајка на [[Исус Христос]] и сопруга на [[Свети Јосиф|Јосиф]]. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во [[православие]]то и [[Римокатоличка црква|католицизмот]] таа е најпочитуваната светица, а во [[ислам]]от е една од трите совршени жени.
 
Според евангелието, таа живеела во [[Назарет]] во тогашната покраина [[Галилеја]]. На [[арамејски јазик]], нејзото име се произнесува како ''Мирјам''. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин, кога и се јавил [[архангел Гаврил]] и и соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.
 
== Живот според евангелијата ==
[[Податотека:Eustache Le Sueur.jpg|мини|150п|десно|Благовештение]]
[[Податотека:Champaigne visitation.jpg|мини|150п|десно|Марија престигнува кај Елисавета]]
[[Податотека:Giotto - Scrovegni - -20- - Flight into Egypt.jpg|мини|150п|десно|Бегство во Египет]]
Во [[Новиот Завет]] за раниот живот на Марија има многу малку. Во [[Библија]]та не се споменуваат името на нејзините родители. Според други извори, традиции и вереувања, се знае дека родителите на Марија се викале Јоаким и Ана, кои припаѓале на лозата на [[цар Давид]]. Тие долго време немале деца, додека [[Бог]] не ги чул молитвите и им подарил ќерка. Според верувањата, [[Бог]] го одредил името на ќерката да се вика Марија, да биде Богородица и дека Марија од првиот момент на нејзиното постоење била ослободена од нејзините гревови, бидејќи од Бог добила посебна милост. Во третата година од нејзиниот живот, нејзините родители ја одвеле во [[Ерусалимски храм|Ерусалимскиот храм]], за да ја посветат на Бог. Таа останала да живее во храмот, каде била обучувана и воспитувана додека не навршила полнолетство.
 
Марија била роднина со [[Света Елисавета|Елисавета]], сопруга на јудејскиот свештеник Захариј. (Лука 1:5) Таа го родила [[Јован Крстител]]. Марија живеела со своите родители во [[Назарет]] во [[Галилеја]]. Се запознала со Јосиф од Назарет, кој бил од лозата на царот Давид, но бил скромен дрводелец. Тие биле венчани, и во текот на првите години од бракот, Марија сакала да остане девица и понатаму, а Јосиф тоа го прифатил. Пред свадбата тие живееле одвоено, и во тоа време [[Бог]] го испратил [[Архангел Гаврил]] во [[Назарет]] кај Марија. Ангелот ја поздравил со зборовите: „''Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените''!” Марија збунето започнала да размислува каков бил тој чудесен поздрав. Ангелот продолжил: „''И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид, и ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај''“ (Лука 1:30:33). На ова, Марија му рекла на ангелот дека никогаш не имала однос со Јосиф, па го прашала: „''Како ќе биде тоа, кога не знам за маж''“ (Лука 1:34), на кое ангелот одговорил: “''Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син''“. На ова Марија одговорила: “''Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор'' (Лука 1:35:38). Така, спореед верувањата, во тој момент Марија се зачнала со [[Исус]].
 
По ова, Марија ја посетила својата роднина Елисавета, која била бремена (Лука 1:39). Кога престигнала, Елисавета и одговорила: „''Благословена си ти меѓу жените! И благословен е плодот на твојата утроба''“(Лука 1:42). Според овие стихови од евангелието, Елисавета поверувала на Марија дека е бремена и дека ќе го еоди Божјиот Син: „''И блажена е таа, која поверува дека ќе се исполни она, што Господ и го рекол''“, на кое Марија одговорила: „''Мојата душа Го велича Господа''“. Во следните три месеци, Марија останала да и помага на Елисавета во нејзиниот дом, а по ова таа се вратила кај Јосиф, каде тој веднаш приметил дека таа е бремена. Јосиф паднал во голема тешкотија, а Марија никако не можела да му објасни што всушност се случило. Тој сметал дека го изневерила, а во тоа време за неверство се добивало каменување. Сепак, Јосиф одлучил да не објави за настанатото, туку тајно да се повлече и да ја напушти Марија, не сакајќи таа да умре. Ноќта пред тој да замине, на сон му се јавил ангелот на Бог кој му рекол: „''Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. Таа ќе роди Син и ти ќе Му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови''“ (Матеј 1:20). Така, Јосиф отстапил, па според еврејските обичаи таткото имал право да го даде името на своето дете, па Јосиф ја имал таа чест.<ref>Sveti Josip, Svetište sv. Josipa, Karlovac 1987.</ref> Јосиф ја зел Марија кај себе и најверојатно имале свадбена свеченост.
 
Се приближило времето кога Марија требало да се породи. Римскиот император [[Август]] заповедал да се направи попис на населението. Според заповедот, секој требал да оди во градот на своите предци. Марија и Јосиф биле од од родот на царот Давид, па затоа тие морале да одат во [[Витлеем]]. Во [[Стар Завет|Стариот Завет]] постои пророштво дека [[Месија]]та ќе се роди во [[Витлеем]]. Марија започнала да ги чувствувуа породилните болки, па затоа побарале некаков смештај, но сите места биле пополнети. Се засолниле во една штала каде пастирите ги чувале своите животни. Така овде Марија го породила Исус: „''Го роди својот Син, првенец, па Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата''“ (Лука 2:7). По ова, на местото дошол ангелот кој им рекол: ''“Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи, зашто денес ви се роди Спасител, во Давидовиот град, Кој е Христос Господ, и ова ви е знак: ќе најдете Младенче повиено, како лежи во јасли''“ (Лука 2:10:12). Пастирите ги посетиле Исус, Марија и Јосиф, а по ова се сместиле на подобро место.
 
По четириесет денови од [[Исусово раѓање|Исусовото раѓање]], Марија и Јосиф своето дете го однеле во [[Ерусалимски храм|Ерусалимскиот храм]], што бил обичај во Стариот Завет. Му пренеле жртва: „''како што е речено во Господовиот Закон - две грлици или две гулапчиња''“ (Лука 2:24).
 
Во храмот живеел Симеон, човек праведен и благочестив, на кого [[Светиот Дух]] му прорекол дека нема да види смрт, додека не го види [[Исус]]. Кога го видел Исус, го зел на своите раце, го благословил и рекол: „''Сега, Господару, отпушти го Својот служител со мир, според Твојот збор, зашто моите очи го видоа твоето спасение кое го приготви пред лицето на сите луѓе светлина за осветлување на народите и слава на Твојот народ Израел''“ (Лука 2:29:32). На оваа церемонија, според [[Евангелие на Лука]] присуствувала и Ана.
 
[[Три Свети крала|Трите свети крала]] од истокот дошле за да се поклонат на [[Исус]]. Според [[Евангелие според Матеј|Евангелието на Матеј]] тие дошле источно од [[Ерусалим]]. Тие ја следиле ѕвездата која блескала над [[Витлеем]]. Во Ерусалим кралевите биле испратени од страна на [[Ирод]] кој сакал да му кажат каде се родил Исус за да може да го убие. Кога го пронашле тие му подариле три поклони: темјан, злато и маст. По ова, [[Господ]] им наредил да не се враќаат во Ерусалим туку да си одат во нивните земји: ''„И откако беа предупредени од Бога во сон, да не се враќаат при Ирод, заминаа по друг пат за својата земја'' (Матеј 2:13). Кога разбрал кралот за измамата, тој наредил во [[Витлеем]] сите деца до две години да бидат убиени. Исус не бил убиен бидејќи на Јосиф му се јавил Господ кој му рекол:“ ''Стани, земи Го Детето, и Неговата мајка, и бегај во Египет, и остани таму додека не ти кажам, зашто Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби''“ (Матеј 2:13). По ова, тие заминале за [[Египет]]. Патот кон Египет бил долг и тежок. Во [[Египет]] семејството се задржило до смртта на Ирод, кога ангелот повторно му се јавил на Јосиф и му рекол:„ ''Стани, земи го детето и неговата мајка и оди во земјата Израелева, зашто умреа оние, кои ја бараа душата на детето''“ (Матеј 2:10).
 
Така, Јосиф, Марија и Исус повторно се вратиле во [[Назарет]] во [[Галилеја]]. Кога Исус бил дванаесет години, отишол во [[Ерусалимски храм|Ерусалимскиот храм]]. На враќање, Марија и Јосиф виделе дека Исус го изгубиле, па започнале да го бараат. По три денови го пронашле во храмот, каде тој разговарал со учителите. Марија го прашала: „''Чедо, што ни направи така? Гледај! Татко ти и јас се измачивме, барајќи те''?“, на кое Исус им одговорил: „''Зошто ме баравте? Зар не знаете дека јас треба да бидам во она, кое што е на мојот татко''?“ (Лука 2:47:48). По ова, тие повторно се вратиле во Назарет. Јосиф бил столар, а Марија се бавила со семејни работи.
 
Исус своето прво чудо го направил на свадбата на [[Кана Галилејска]], каде отишол заедно со својата мајка и со своите ученици, бидејќи татко му веќе бил починат. Кога на свадбата снемало вино, Марија му рекла на Исус дека немаат вино, на кое Исус одговорил: „''Што имам јас со тебе, жено? Уште не дошол мојот час''“ (Јован 2:5). На ова Марија им кажала на слугите што и да побара нејзиниот син, тоа да го сторат. Така, Исус според Евангелието на Јован го направил своето прво чудо, претварајќи ја водата во вино. Неговите апостоли поверувале за прв пат дека тој е Месија.
 
Марија го пратила Исус во текот на неговото мисионерство. Кога Исус бил распнат на крст, таа заедно со нејзината сестра [[Марија Клопина]] и [[Марија Магдалена]] стоеле под него. (Јован 19:25). Исус ја погледнал Марија која плачела покрај апостол Јован и и рекол: „''Жено, ете ти син''!” (Јован 19:26). По ова, според евангелието, Јован станал нејзин штитеник, а Марија негова мајка, а во широко значење и мајка на сите верници.
 
По Исусовото воскресение и вознесение, Марија била во друштво покрај апостолите во Ерусалим, кои постојано биле во молитва (Дела 1:14). Понатаму, Марија повеќе не се споменува во евангелијата, освен во Откровението на Јован: „''И се покажа голем знак во небото: жена, облечена со сонцето и месечината под нејзините нозе, а на нејзината глава круна од дванаесет ѕвезди''“ (Откровение 12:1). Смртта на Марија не се споменува во Библијата на ниту едно место. Католиците и православните христијани веруваат дека таа била вознесена на небото, што денеска се слави празникот Успение на Пресвета Богородица. Во некои верзии на приказната се вели дека настанот се случил во [[Ефес]], во куќата на Марија, а во најстарите традиции настанот се лоцира во [[Ерусалим]]. Во некои подоцнежни верзии, се раскажува дека [[Апостол Тома|Апостолот Тома]] задоцнил на погребот и подоцна кога стигнал и го отворил камениот гроб виделе дека телото го нема и заклучиле дека, како и Исус, и Марија воскреснала и заминала на небото. Исто така, се раскажува дека Марија им ја фрлила шамијата на апостолите од небото како доказ за нејзиното успение.<ref>[http://www.ccel.org/ccel/schaff/anf08.vii.xliii.html#vii.xliii-Page_594 Ante-Nicene Fathers - ''The Writings of the Fathers Down to A.D. 325''], vol. 8 page 594</ref>
 
== Гробот на Марија ==
[[Податотека:Israel Facade Tourism.jpg|мини|200п|десно|Гробот на Марија во Ерусалим]]
[[Податотека:House of the Virgin Mary.jpg|мини|200п|лево|Куќата на Марија на Ефес]]
 
За местото на настанот денеска сеуште се води спор помеѓу христијанските цркви. Според едни, гробот на Марија денеска се наоѓа во [[Ерусалим]]. Но според [[Библија]]та, по распнувањето [[Исус Христос]] му ја доверил Богородица на [[апостол Јован]] да се грижи за неа како за своја мајка. Потоа се знае дека апостолот отишол да проповеда во [[Ефес]] веројатно некаде помеѓу 37 и 48 година, каде продолжил да го [[Христијанизација|шири христијанството]]. Покрај останатото, фактот дека Марија живеела во Ефес бил потврден и со некои други елементи. Во ѕидините на самиот Ефес постои една Базилика која е посветена на Марија, која била изградена во периодот кога законот кој одговарал на црквените прописи дозволувал една црква да се посвети на некој светец само ако тој истиот живеел и умрел на тоа место. Потоа тука се и околностите дека [[Втор вселенски собор|Вториот вселенски собор]], која ја одредил догмата за божественото бестелесно зачнување на Марија, се случил во Ефес. Како кулминација на сето ова, во блискиот град Селџук археолозите во средината на [[20 век]] го пронашле гробот на апостол Јован, во внатрешноста на една огромна базилика подгната за време на владеењето на византискиот император [[Јустинијан I]].
 
Кон крајот на [[19 век]], двајца свештеници од лазаријанскиот ред, Јанг и Полен, изненадени со прецизноста на деталите кои ги навела калуѓерката Катрине Емерих, во близината на денешниот археолошки локалитет Ефес почнале со археолошки ископувања. Како резултат на ископувањето било пронаоѓањето на остатоци од куќа, која изгледала доста старо (темелите се датирани во [[1 век]]). Таа се поклопува со визијата на калуѓерката дека куќата на Марија која била од камен, била изградена од самиот Јован, имала правоаголна основа со заден кружен ѕид, како и апсида и огниште. Откритието на оваа примитивна куќа само го потврдиле фактот дека Марија престојувала во Ефес.
 
== Вселенски собори ==
=== Аријанство===
 
Во целина, аријанството го негирал култот кон Богородица. Според приврзаниците на Ариј, Богородица била девствена во времето кога забременила со Исус, но по ова таа имала нормални сопружни односи со Јосиф. Според други фракции во аријанството, единствено и само зачетнувањето било непорочно и дека истото немало ништо општо со останатиот личен живот на Марија.
 
=== Несторијанство ===
 
[[Свети Василиј Велики]], [[Свети Григориј Богослов]], [[Јован Златоуст]], [[Атанасиј Александриски]] и многу други посебно го спомнуваат зборот - Богородица. Во времето кога се појавило несторијанството, во текот на 5 век, Кирил Александриски започнал отворена битка против ова учење, подоцна прогласено за ерес.
 
[[Несториј Константинополски]], тогашниот патријарх на Константинопол, во својство на цариградски архијереј (428), во литургиските беседи ги вклучувал и оние за Марија Човекородица велејќи притоа дека преку нив тој само ја артикулирал нејзината перцепцијата кај паствата<ref>Несториј во одбрана на своите тези се повикувал на мислието на сириските поети Исак од Антиохија и Јаков од Батна, и на беседите на епископите св. Атанасиј Александриски и св. Јован Златоуст, cf. Ι. Καμιρη, Ταδογματικακαι συμβολικα μνημεια της Ορθοδοξου καθολοκης εκκλησιας I, Αθηναι 1960, 53-54, 64, 148-150; A. JeftiÊ, Vaseqenski sabori i `ivo predawe crkve, Bogoslovqe 1-2, Kragujevac 1973, 43-79; Ch. Walter, L’iconographie des Conciles dans la tradition byzantine, Paris 1970, 268-273 (за антропотоколошкото мислие на Несториј).</ref>. Според него, никаде во [[Светото Писмо]] таа не се нарекувала [[Богородица]], и никаде во Светото Писмо не станувало
збор за доењето, што било делумно точно бидејќи во [[Евангелие по Лука|Евагелието по Лука]] (11:27) една жена му вели на Христа: “''Блажена нека е утробата што те носела и градите што те доеле''”. Несториј уште говорел дека [[Дева Марија]] не го родила [[Исус]], туку го родила човекот Исус и затоа не го прифаќал името Богородица, а ја нарекувал човекородица или Христородица<ref>{{цитирана книга|last=Давитковски|first=Петар|title=Историја на христијанската црква II дел|publisher=Скопје|location=Скопје|date=1987}}</ref>.
 
Во крајна сметка, на [[Трет вселенски собор|Третиот вселенски собор]], учењето на Несториј било прогласено за ерес.
 
== Празници посветени на Богородица Марија ==
* [[Благовестие]] (Благовештение)
* [[Раѓање на Пресвета Богородица]] ([[Мала Богородица]])
* [[Покров на Пресвета Богородица]]
* [[Воведување во Храмот на Пресвета Богородица]]
* [[Собор на Пресвета Богородица]]
* [[Успение на Пресвета Богородица]] ([[Голема Богородица]])
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Пресвета Богородица]]
[[Категорија:Римокатолички светци од Палестина]]
[[Категорија:Еврејско-христијански теми]]
[[Категорија:Светци од Светата Земја]]
[[Категорија:Римокатолички светци]]
 
{{Link FA|sk}}
 
[[af:Maria]]
[[ar:مريم العذراء]]
[[arc:ܡܪܝܡ (ܐܡܗ ܕܝܫܘܥ)]]
[[az:Məryəm]]
[[be:Марыя, маці Ісуса]]
[[be-x-old:Багародзіца]]
[[bg:Богородица]]
[[bar:Maria (Muatta vom Jesus)]]
[[bo:མིར་ཡམ །]]
[[br:Mari, mamm Jezuz]]
[[ca:Maria, mare de Jesús]]
[[ceb:María (inahan ni Jesús)]]
[[cs:Maria (matka Ježíšova)]]
[[cy:Y Forwyn Fair]]
[[da:Jomfru Maria]]
[[de:Maria (Mutter Jesu)]]
[[et:Maarja]]
[[el:Παναγία]]
[[eml:Maria (mèr ad Gesü)]]
[[en:Mary (mother of Jesus)]]
[[es:María (madre de Jesús)]]
[[eo:Maria (patrino de Jesuo)]]
[[eu:Maria]]
[[fa:مریم]]
[[fr:Marie (mère de Jésus)]]
[[ga:Muire]]
[[gd:Moire]]
[[gl:Virxe María]]
[[ko:마리아 (예수의 어머니)]]
[[hy:Մարիամ Աստվածածին]]
[[hi:मरियम (ईसा मसीह की माँ)]]
[[hsb:Knježna Marija]]
[[hr:Marija (majka Isusova)]]
[[io:Madono]]
[[id:Maria]]
[[ia:Maria (matre de Jesus)]]
[[os:Мады Майрæм]]
[[is:María mey]]
[[it:Maria (madre di Gesù)]]
[[he:מרים, אם ישו]]
[[jv:Maria]]
[[kn:ಸಂತ ಮೇರಿ]]
[[ka:მარიამ ღვთისმშობელი]]
[[kk:Мәриям]]
[[kw:Maria Wynn]]
[[sw:Bikira Maria]]
[[ku:Meryem]]
[[la:Maria (mater Iesu)]]
[[lv:Jaunava Marija]]
[[lt:Marija (Jėzaus motina)]]
[[li:Maria]]
[[ln:Maria wa Nazaleti]]
[[lmo:Maria, mader de Gesü]]
[[hu:Szűz Mária]]
[[ml:മറിയം]]
[[xmf:მარია ღორონთიშნანა]]
[[arz:العدرا مريم]]
[[ms:Maryam]]
[[nah:María Ichpōchtli]]
[[nl:Maria (moeder van Jezus)]]
[[ja:イエスの母マリア]]
[[no:Jomfru Maria]]
[[nn:Jomfru Maria]]
[[nrm:Sainte Mathie]]
[[oc:Maria, maire de Jèsus]]
[[pa:ਕੁਆਰੀ ਮਰਯਮ]]
[[pnb:مریم]]
[[pl:Maria z Nazaretu]]
[[pt:Maria (mãe de Jesus)]]
[[ro:Fecioara Maria]]
[[qu:Qullana Mariya]]
[[ru:Богородица]]
[[sq:Shën Maria]]
[[si:මරියා (ජේසුස් තුමාගේ මව)]]
[[simple:Mary (mother of Jesus)]]
[[sk:Panna Mária]]
[[sl:Sveta Marija]]
[[ckb:مەریەمی پاکیزە]]
[[sr:Марија (мајка Исусова)]]
[[sh:Marija (majka Isusova)]]
[[fi:Neitsyt Maria]]
[[sv:Jungfru Maria]]
[[ta:மரியாள் (இயேசுவின் தாய்)]]
[[te:మరియమ్]]
[[th:มารีย์ (มารดาพระเยซู)]]
[[tr:Meryem (İsa'nın annesi)]]
[[uk:Діва Марія]]
[[ur:مریم علیہا السلام]]
[[vec:Maria (mare de Gesù)]]
[[vi:Maria]]
[[wa:Mareye (mame da Djezus)]]
[[vls:Maria (moedre van Jezus)]]
[[yo:Màríà (ìyá Jésù)]]
[[zh:馬利亞 (耶穌的母親)]]