Социологија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
правописни поправки
неточни и нецелосни податоци
Ред 66:
 
===Функционализам===
1. Почетоците
Како една широка парадигма и во социологијата и во антропологијата, функционализмот ја третира општествената структура како една целина, во смисла на една неопходна функција на нејзините составни елементи. Општата аналогија (популаризирана од Херберт Спенсер) е да се третираат нормите и институциите како „органи“ кои функционираат во правец на правилно функционирање на целото „тело“ на општеството. Перспективата беше имплицитна во првичниот социолошки позитивизам на Конт, но беше целосно развиена во теорија од Емил Диркем, повторно почитувајќи ги структуралните закони. Функционализмот исто така има антрополошки основи во делата на теоретичарите како што се Марсел Мос, Бронислав Малиновски и Редклиф-Браун. Специфичното користење на префиксот „структурален“ се појави со Ретклиф-Браун. Kласичната функционална теорија обично се спојува со нејзината усмереност кон биолошката аналогија и поимите од општествениот еволуционизам. Како што вели Гиденс: „Функционалистичката мисла, од Конт па наваму, гледала особено кон биологијата како наука која обезбедува најблизок и најкомпатибилен модел за општествената наука. Билогијата е земена да обезбеди водич кон концепцирањето на структурата и на функцијата на општествените системи и да ги анализира процесите на еволуцијата, преку механизми на адаптирање... функционализмот силно ја нагласува преголемата возвишеност на општествениот свет над неговите индивидуални делови (на пример, неговите составни елементи, човечките суштества)“.
Во раните децении од 20 век израснува еден вид систематско проучување за општествениот живот кое е именувано како функционализам. Тоа во себе ги содржи суштествените елементи на холистичките и органистичките теории, но согледано е како ново затоа што вклучува и некои нови согледувања во пристапот на проучувањата на општествата, како и за нивните базични карактеристики. Се јавува прво во антропологијата, во вид на воопштувања за животот на малите племенски општества, засновани на теренски истражувања кои се спроведуваат во мали примитивни општества во оддалечените острови на Тихиот Океан, а потоа, во периодот на Втората светска војна (малку пред неа и по неа), и во социологијата - како настојување да се изградат теориски модели за општествата како системи, кои понатаму ќе бидат ставени во служба на емпириските истражувања на современите комплексни општества. Првиот чекор во овој обем е направен во 1906 г. со престојот на Афред Редклиф-Браун на Андаманските Острови. Потоа следува престојот на Бронислав Малиновски на островите на Меланезија во 1914 г. Од овие престои произлегуваат повеќе научни трудови, какви што се : ''Андаманските Островјани'' и ''Структура и функција на примитивните општества'' на Редклиф-Браун и Аргонаутите на Западниот Пацифик и Научната теорија на културата на Малиновски. Во контекст, пак, на социологијата, првата првата појава на овој план е делото на талкот Парсонс ''Структура на општествената акција'' (1937).
 
===Теорија на конфликт===