Орландо: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
B25es (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
B25es (разговор | придонеси)
Ред 51:
Историски гледано, стапката на невработеност во пошироката област на Орландо беше ниска, а тоа резултираше со развој кој доведе до урбана експанзија во околните области. Ова проширување заедно со појавата на економскиот, шпекулативен меур во САД доведе до големо зголемување на цените на домовите. Стапката на невработеност во Метро областа во јуни 2010 изнесуваше 11.1 процент, а во април истата година таа изнесуваше 11.4 проценти, додека пак во истиот период во изминатата 2009 година беше вкупно 10 проценти. Цените на домовите во пошироката област на Орландо се зголемија за 34 проценти во текот на една година, од просечните 182 000 долари во август 2004 година, кои се зголемија на 245 000 долари во август 2005 година, за на крајот да ги достигнат рекордните 255 000 долари во февруари 2007 година. Од тогаш па наваму цените драстично се намалија поради економската криза, па во јануари 2011 просечната цена го достигна најниското ниво од 94 950 долари.
= Туризам =
[[Податотека:TheIncredibleHulkCoaster.jpg|thumb|left|180px]]
Значаен дел од економијата на Орландо зазема туризмот. Тука се наоѓаат Волт Дизни ворлд резорт, Универзал Орландо резорт и Си ворлд Орландо. Во 2004 година регионот на Орландо го посетија над 48 милиони луѓе. Исто така и конгресната индустрија е многу важна за економијата на регионот. Конгресниот Центар на Округот Оринџ, кој во 2004 година беше проширен на над два милиони квадратни стапки (200,000 квадратни метри) изложбен простор, е во моментов втор конгресен комплекс по големина на просторот во САД, веднаш зад МекКормик Плејс во Чикаго. Градот се натпреварува со Чикаго и Лас Вегас во поглед на поголем број на посетители на конвенции во САД.
Волт Дизни ворлд ресорт претставува најголема атракција во реонот, со голем број на занимливости како што се Магичното царство, Епкот, Холивудските студија на Дизни, Животинското Царство на Дизни, Тајфунската лагуна и Центарот на Дизни. Си ворлд Орландо е голем парк кој вклучува голем број на зоолошки претстави и морски животни, заедно со забавен парк со вртелешки како и воден парк. Универзал Орландо, како што е Волт Дизни ворлд се состои од Универзал студио Флорида, Сити вок и Остров на авантурите. Водниот парк Вет енд вајлд е исто така позната атракција. Си ворлд Орландо се состои од повеќе паркови заедно со Акватика и Дискавери ков. Атракциите во Орландо привлекуваат и голем број локални жители кои сакаат да уживаат во близина на својот дом
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Орландо