Исаија Мажовски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
вр. пропагандни блогови
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Исаија Мажовски''' ('''Исаија Радев Мажовски''') ([[1852-]] – [[1926]]) е македонски национално-преродбенски деец од редот на македонистите {{факт}}, политички агитатор и мисионер, поборник на идејата за автономна [[Македонија]] во рамките на јужно-словенската заедница на народите, бескомпромисен поборник против турското политичко и грчкото духовно ропство. Исаија Мажовски е роден во селото [[Лазарополе]] во [[1852]] година, второ по големина мијачко село во западна Македонија. Поради своите скромни интелектуални капацитети не можел поевидентно да влијае на својата генерација но според својот национален ентузијазам тоа е една од најимпозантните личности во македонската историја.
 
Застапник е на тезата дека денешните [[Македонци]] се [[Словени]] и истовремено директни потомци на [[Антички Македонци|Античките Македонци]], и дека македонските цареви [[Каран]], [[Филип Македонски]] и [[Александар Македонски]] се чисти Словени и Македонци кои пред 2500 години први ги донеле и населиле Македонците на балканските простори.
 
 
==Патувања во Русија, со барања за поддршка за ослободувањето на Македонија==
[[Image:Mazovski naslovna.jpg|thumb|right|Насловната страна на Спомените на Исаија Мажовски издадени 1922 год. во Софија]]
На петнаесетгодишна возраст доаѓа во светогорскиот манастир „Зограф“ во потрага по пошироки знаења, од оние што ги стекнал во родното село. Под непосредно влијание, на својот воспитувач, отецот [[Натанаил Охридски|Натанаил]], кој ќе му вдахне љубов кон за поблиско поврзување со матицата на Словенството [[Русија]], Исаија неколку пати ќе замине во Русија за да испровоцира нејзина поддршка за неговата поробена татковина - [[Македонија]]. Макар што е следбеник на тезата дека ослободувањето на Македонија е задача на самите Македонци, сепак остварувањето на тој возвишен идеал не го замислува идеалистички - туку како заеднички потфат на македонските револуционерни сили и Русија. За време на својата посета на Петербург (1885) му предава молба на рускиот цар Александар III од името на македонското (словенското) население од [[Дебар|Дебарскиот крај]] со надеж дека ќе го заинтригира за состојбата во [[Македонија]].
 
 
Слично патешествие има и во 1897 година, кога сакајќи да се види со рускиот цар Николај II, ќе му биде ветена морална и материјална поддршка во борбата за ослободувањето на [[Македонија]]. Во име на остварувањето на таа цел ќе контактира со руските претставници во [[Цариград]] - Н.П.Игнатиев и [[Букурешт]] - М.А.Хитрово.
 
==Говор на бродот Рицар, прокламација на Македонската национална посебност==
 
Своевидна прокламација на македонскиот национален индивидуалитет и засебност претставува неговиот говор на бродот „Рицар“ на 18.7.1888 година, на пат за [[Киев]] по повод прославата на 900-годишнината од покрстувањето на Русите. Токму во овој свој говор, од име на "заробените славјано-бугари македонци", Исаија Мажовски, ќе ја истакне својата теза дека [[Македонци]]те се директни потомци на [[Антички Македонци|Античките Македонци]], донесени на балканските простори од цар [[Каран]] пред 2500 години. Својата теза за античко-македонското потекло на Македонците ќе ја поткрепи со повеќе македонски народни песни и преданија поврзани со македонските цареви Филип и Александар. Со овој свој говор, тој повторно сакал да издејствува поддршка и помош од [[Русија]] за ослободувањето на [[Македонија]].
 
Ред 18 ⟶ 15:
 
==Соработка со Албанско-македонската лига==
 
Значаен е и неговиот ангажман во работата на Албанско-македонската револуционерна лига, формирана во [[1887]] година како резултат на заложбите на македонските и албанските патриоти за борба против Отоманската Империја. За таа цел тој по порачка на бугарскиот премиер [[Стефан Стамболов]] често комуницирал со видни албански првенци, патувајќи на релацијата [[Софија]] - [[Дебар]] - [[Тирана]], каде што постојано бил следен од турски шпиони за што неколку пати бил затворан и жестоко мачен од турските власти. Соработката со албанските патриоти ја прекинува во [[1908]] година, по кревањето на [[Младотурската револуција|Младотурската револуција]]. Уставот на младотурците го доживува како уште еден заговор против вистинските интереси на [[Македонци|македонскиот народ]].
 
Ред 24 ⟶ 20:
 
==Видете исто така==
 
*[[Македонски извори за Македонскиот идентитет]] - говорот на Мажовски на бродот „Рицар“ 18.7.1888 година