Маат: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
Бидејќи фараонот имал должност да го осигура мирот и правдата, тој честопати бил нарекуван Мери-Маат (возљубениот на Маат). Со појавата на верувањата за Тот во Египетскиот пантеон и нивната замена на постарите верувања од Хермополис за Огдоадата, почнува да се тврди дека Маат е мајка на [[Огдоадата]], а дека таткото е [[Тот]].
 
Во [[Дуат]] (Дуант) египетскиот подземен свет, срцето на умрените било мерено со нејзиниот единствен пердув од богот Шу и на тој начин симболично се претставувал концептот за Маат во Халата на Двете Вистини. Срцето кое не било достојно било проголтувано од божицата Амит, а неговиот сопственик бил осуден да остане во Дуат. Оние луѓе кои имале добри и чисти срца биле испраќани во [[Аару]]. Озирис се јавува како чувар на вратите од Аару, откако станал декадел од Египетскиот пантеон и го заменил [[Анубис]] од традицијата на Огдоадата.
 
Мерењето на срцето, насликано на папирус (во Книгата на Мртвите што е типична за сцените од гробовите) го прикажува Анубис како го надгледува мерењето, а пак божицата [[Амит]], претставена како лавица, седи и го чека резултатот за да ги проголта оние кои имале неправедни срца. На сликите е прикажано срцето на едниот тас, а пердувот од [[Шу]] на другиот тас од вагата. Други традиции, пак, сметаат дека Анубис ја носел душата пред постхумниот [[Озирис]], кој го изведувал мерењето.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Маат