Психологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 106:
И оваа поделба е релативна бидејќи и во областа на теоретските дисциплини се сретнуваат разгледувања за можноста за нивна практична примена, како што и во применетите психолошки дисциплини се развива теоретско мислење за психичките процеси кои се одвиваат во одредени услови на промена на психологијата. Ова уште повеќе и затоа што во рамките на применетите психолошки дисциплини, практиката ја наметнала потребата одделни практични проблеми да се решаваат со помош на повеќе научни дисциплини (психолошки и медицински, психолошки и педагошки и т.н.). Затоа, во склад со програмските барања ќе зборуваме за постојните психолошки дисциплини кои се развиени кај нас.
 
Општа психологија - е најразвиена психолошка наука која ги проучува основните психички функции кај возрасниот здрав човек. Во рамките на истата се сретнуваат повеќе имиња меѓу кои: психологија на сознајните процеси, психологија на мотивацијата; психологија на волевите и емоционалните процеси; психологија на личноста и т.н. Според тоа таа ги проучува психичките процеси (осети, перцепции, претстави, помнења, мислења, емоциите, волевите активности), психолошките состојби, особините на личноста, како и маемниотзаемниот однос и зависноста меѓу овие процеси и особини и нивната зависност од физиолошките процеси и социјалните услови.
 
Психологија на личноста - во некои класификации психологијата на личноста не се издвојува како посеба гранка, а проблемите што таа ги проучува се вклучени во рамките на општата психологија. Сепак психолозите кои се занимаваат со психологија на личноста како критериум за разликување ги истакнуваат разликите во пристапот. Според тоа психологијата на личноста ја дефинираат како теоретска психолошка дисциплина која содржи преглед на сфаќањата за личноста како целовит систем.