Бугарска егзархија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 71:
== Бугарската Егзархиjа од Руско-турската воjна до Првата светска воjна ==
 
[[Податотека:Yosif I.jpg|мини|right|200px|[[Јосиф I Бугарски|Егзарх Јосиф I]] ([[1877]]-[[1915]])]]
 
По краjот на Руско-турската војна Бугарската Егзархиjа се соочила со нови тешкотии. На митрополитите не им било дозволено да се вратат назад во нивните епархии, а исто така [[Северна Добруџа]] и реонот на Ниш, [[Пирот]] и [[Врање]], кои по 1878 преминале во [[Романија]] и [[Србија]], станале дел од [[Романска Православна Црква|романската]] и [[Српска Православна Црква|српската]] православни цркви. По потпишувањето на мирот Егзархот престоjувал во [[Пловдив]], оддека се вратил во Цариград дури во [[1880]] во обид да jа одбрани целоста на црквата, бидеjки отоманската власт побарала Егзархиjата да остане само во границите на новокреираното [[Кнежество Бугарија]], а сите други епархии да бидат дадени одново на грчката Цариградска Патријаршија. Во членот 62 на [[Берлински договор|Берлинскиот договор]] било запишано дека правото на слобода на сите религиозни организации во Отоманската империjа е заштитено, а членот 39 на бугарската [[Трновска конституција]] jа прогласил бугарската црковна област за единствена и нераскинлива. На таа правна основа и под меѓународен притисок на [[17 декември]] [[1883]] година султанот го потврдил деjството на ферманот од [[1870]] година и ги прифатил барањата на Егзархиjата за црковна единственост и враќане на сите митрополити во епархиите од пред Руско-турската војна. Процесот на враќане всашност продолжил повеќе од една децениjа. Бератите за митрополитите на [[Охрид]] и [[Скопје]] биле дадени во [[1890]], за митрополитите на [[Велес]] и [[Неврокоп]] во [[1894]], а за митрополитите на [[Битола]], [[Дебар]] и [[Струмица]] во [[1897]] година. Во епархиите, кои останале под власта на Цариградска Патријаршија, и поточно во нивните општини, кои jа отфрале Патријаршијата, било дозволено Егзархиjата да има свои претставници, нарекувани екзархиски намесници, кои ги организирале црковното и образовното дело. Буџетот на Егзархиjата бил општ и централно раководен, во него се влевале пари од сите епархии, а по средината на [[1880]]-те и од буџетот на бугарската држава. Во краjот на 19 век од општо 1889 цркви и манастири во Македониjа, од кои 135 манастири (без оние во [[Света Гора]]), 1232 цркви и 71 манастири биле на Бугарската Егзархиjа, а останатите биле на Цариградската Патријаршија или оспорувани.<ref>"История на България", том 7 България 1878-1903, София, 1991, стр. 424-437. {{bg}}</ref> Припадниците на Бугарската Егзархиjа во Македониjа во [[1900]] година биле 817,000<ref>Воин Божинов, "Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913", София, 1982, стр. 354. {{bg}}</ref> од општо 1,370,949 [[Христијани|христиjани]] (од кои [[Словенски јазици|словеноjазичните]] христиjани биле 1,032,533) во областа и при вкупно население од сите религии 2,258,224<ref>Васил Кънчов, "Македония. Етнография и Статистика", дял II Статистика, глава [http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_b.htm Бѣлѣжки за общитѣ числа на населението], Българско Книжовно Дружество, София, 1900. {{bg}}</ref>, кое изнесува 59,6% од сите христиjани (79,1% од словеноjазичните христиjани) и 36,2% од вкупното население. Во [[1912]] година непосредно пред [[Балкански војни|Балканските војни]] во Македониjа и Одринско Егзархиjата имала 7 митрополити, 1,310 свештеници, 1,331 цркви, 234 параклиси и 73 манастири.<ref>Воин Божинов, "Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913", София, 1982, стр. 356. {{bg}}</ref>