Торинска скала: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
 
==Моментално рангирање==
Торинската скала освен броеви, користи и бои за означување на степенот на опаснот. Тоа се: белата, зелената, жолтата, портокаловата и црвената. Досега, немало официјално рангирање на степенот на опасност од удар на небесно тело поголемо од 4 (астероидот 2004 MN4, кој беше откриен во декември 2004 година, кој по само неколкудневни набљудувања, се пресмета дека е од нултиот степен). Во моментот, највисокото рангирање е 1.
 
{| class="wikitable"
Ред 47:
|10.||Сигурно ќе има удар кој ќе предизвика глобални климатски катастрофи, кои можат да претставуваат опасност за опстанокот на цивилизацијата како што ја познаваме, без разлика дали ударот е во океан или пак на копно. Вакви настани во просек се случуваат еднаш на 100 000 години, или пак поретко.
|}
 
==Ослободена енергија при евентуален удар==
Барингеровиот кратер во аризонската пустина, создаден од метеорит кој паднал на Земјата пред 50.000 години создал кратер со дијаметар од 1.186 километри, ослободил меѓу 3 и 10 мегатони енергија. Најсилната хидрогенска бомба која некогаш експлодирала на Земјата (руската Цар бомба), ослободила околу 50 мегатони енергија. Ерупцијата на вулканот Кракатоа на Јава, ослободил енергија од 200 мегатони. Кратерот [[Чиксулуб (кратер)|Чиксулуб]], за кој научниците сметаат дека е создаден од судирот кој предизвикал изумирање на диносаурусите, ослободил околу 100 милиони мегатони енергија.
 
==Тела рангирани со вредност поголема од нула==
===Моментална вредност поголема од нула===
* 2007 VK184, астероид со дијаметар 130 метри и брзина на движење од 16 километри во секунда, вредност 1. Откриен на 12 ноември 2007 година. Можноста да се судри со Земјата во јуни 2048 година, се 1:1750 (0.057% наспроти 99.943%).
* 2011 AG5, астероид со дијаметар 140 метри, вредност 1, можност за судир 1:625 во 2040 година.
 
===Дополнително спуштени на вредност нула===
* [[2005 YU55]], астероид со дијаметар од 396 метри од групата Аполо, тип Ц, откриен на 28 декември 2005 година од американскиот астроном Роберт МекМилан. На 8 и 9 ноември 2011 година, астероидот помина меѓу Земјата и Месечината, на растојание од 0.85 месечеви единици или 325.000 километри од Земјата. Од вредност 1, во февруари 2010 година, беше спуштен на вредност нула на 9 април 2010.
 
 
[[ca:Escala de Torí]]
[[cs:Turínská stupnice]]
[[da:Torino-skalaen]]
[[de:Turiner Skala]]
[[es:Escala de Turín]]
[[fr:Échelle de Turin]]
[[ko:토리노 척도]]
[[hr:Torinska ljestvica]]
[[it:Scala Torino]]
[[he:סולם טורינו]]
[[hu:Torino-skála]]
[[nl:Schaal van Torino]]
[[ja:トリノスケール]]
[[pl:Skala Torino]]
[[pt:Escala de Turim]]
[[ru:Туринская шкала]]
[[sk:Turínska stupnica]]
[[fi:Torinon asteikko]]
[[sv:Torinoskalan]]
[[uk:Шкала Торіно]]
[[zh:杜林危險指數]]