Покер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Покер''' е група на игри со карти кои имаат слични правила за обложување и најчесто ...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Покер''' е група на игри со карти кои имаат слични правила за обложување и најчесто (но не секогаш) и слични покер комбинации на карти.
Покер игрите се разликуваат според тоа, како се делат картите, можноста за формирање покер комбинациитекомбинации, дали појаките или послабите карти победуваат кога има тесна борба за победа (во некои игри добивката се дели), ограничувањаограничувањата на големината на облогот, и колку рунди на обложување се дозволени.
 
Во повеќето модерни покер игри, првата рунда започнува со некој вид на приморан облог од страна на еден од играчите. Во стандардниот покер секој играч се обложува дека неговата покер комбинација ќе биде најсилна. Акцијата потоа продолжува во насока на стрелките на часовникот и секој играч на ред ако сака да продолжи мора или да го достигне максималниот претходен облог или да се откаже губејќи ја дотогашната обложена сума и откажувајќи се од делењето. Играчот којшто ќе продолжи има можност и да го зголеми облогот. Кругот завршува кога сите играчи или се откажале или продолжиле понатака. Доколку сите освен еден играч се откажат во било која рунда, тогаш играчот што останал ги добива дотогаш вложените пари и може да бира дали ќе ја покаже или не својата покер комбинација. Доколку повеќе од еден играч остане на соочување после последната обложувачка рунда , нивните комбинации се откриваат и играчот со победничката комбинација го добива влогот. Со исклучок на првите принудни облози, пари се вложуваат доброволно од страна на секој играч кој (барем е така во теоријата) има основано верување дека неговиот облог има позитивна очекувана вредност. Иако, исходот на секое посебно делење значително зависи од можноста да се добие или не, долгорочните очекувања на играчите зависат од нивните акции превземени врз основа на можности, психологија и теорија.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Покер