Радикал (хемија): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
Главен проблем во ''теоријата за слободните радикали и нивното влијание врз стареењето на клетките'' е неуспехот на антиоскидансите во форма на диетални додатоци, како што се [[витамин E]] и [[витамин Ц]], значително да го продолжат максималниот животен век. Поборниците на ''теоријата за слободните радикали'' сметаат дека диеталните антиоксиданси, за разлика од природните, кои ги произведуваат клетките, не успеваат да стигнат до ''митохондриската ДНК'', па затоа и не можат да ја заштитат. Интересно е што, иако антиоксидансите кои се користат како додатоци во храната не успеваат да го зголемат максималниот животен век, ги зголемуваат шансите за проживување на тој максимален животен век. Ова веројатно се должи на антиоксидантната заштита од оштетување на другите делови од клетката, како што се клеточните протеини и мембраните, од страна на слободните радикали. <ref name="R.J. MEHLHORN" />
 
 
== '''Антиоксиданси и нивното дејство на ниво на клетка''' ==
 
 
Антиоксиданси се супстанци кои можат да ги заштитат клетките од штетното дејство на слободните радикали. Тие се сврзуваат со слободните радикали, ги стабилизираат молекулите и на тој начин можат да го спречат оштетувањето што инаку би го предизвикале радикалите. Делуваат на три начини: можат ''да ја намалат енергијата на слободните радикали'', ''да го спречат нивното настанување'' или ''да ја прекинат верижната реакција на оскидација''.
 
Антиоксидансите често се опишуваат како '''"чистачи" на слободните радикали''', што значи дека ги неутрализираат и не им дозволуваат да земаат електрони од други молекули. Овие т.н. "чистачи" на радикали се хемикалии што природно се наоѓаат во храната, но и нашето тело произведува сопствени антиоксиданси. Повеќе различни истражувања ја докажуваат користа од конзумирање на храна богата со антиоксиданси, кои заедно со активниот, урамнотежен стил на живот, можат да помогнат во намалување на ризикот од некои видови рак и болести на срцето.
 
Лесно е да се внесат антиоксиданси во исхраната, затоа што во многу хранителни продукти што секојдневно ги јадеме има антиоксиданси:
 
* овошје (бобинки, цитрон, кајсии, манго и црвено грозје)
* зеленчук (брокула, спанаќ, домати, моркови и пиперки)
* мешункасти плодови (крупен грав, ситен (пинта) грав и соја)
* јаткасти плодови (ореви, ф'стаци и лешници)
* пијалаци (кафе - инстант или варено, чај (особено зелен чај) и црвено вино)
* темна чоколада