Милениумски развојни цели: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
===Основа===
 
Целта на Милениумските развојни цели е да се поттикне развој преку подобрување на социјалните и економските услови во најсиромашните земји во светот. Тие произлегуваат од претходните меѓународни развојни цели и официјално беа воспоставени по Милениумскиот самит во 2000-та година кадешто сите светски лидери ја усвоија Милениумската декларација на Обединетите нации, а од кадешто произлегуваат и осумте цели предводени од групата на Џефри Сакс.
На Милениумскиот самит беше презентиран и извешајот на Генералниот секретаријат под наслов „Ние луѓето: улогата на Обединетите нации во 21-от век“. Милениумскиот форум подготви и дополнителен влез кадешто се собраа претставници од повеќе од 1 000 невладини организации како и организации на граѓанското општество од повеќе од 100 земји. Форумот се одржа во мај 2000-та година со цел да се затвори двегодишниот процес на консултации којшто ги опфаќа проблемите како што се искоренување на сиромаштвото, заштита на животната средина, човекови права и заштита на ранливите групи. Одобрувањето на Милениумските развојни цели е веројатно најважниот исход на Милениумскиот самит. Во областа на мирот и безбедноста, усвојувањето на Извештајот на Брахими се смета за правилно опремување на организацијата за спроведување на мандатите од страна на Советот за безбедност.
 
===Идеите пред Милениумските развојни цели===
 
Милениумските развојни цели потекнуваат од Милениумката декларација на Обединетите нации. Според декларацијата, секој поединец има право на достоинство, слобода, еднаквост, основен стандард на живеење којшто вклучува и ослободување од глад и насилство, а ја потикнува и толеранцијата и солидарноста. Милениумските развојни цели имаат за цел да ги воспостават овие идеи преку поставување цели и индикатори за намалување на сиромаштијата со цел да се постигнат правата содржани во Декларацијата во наредните петнаесет години.
Милениумските развојни цели се осврнуваат на три главни области од човековиот развој (човештвото): зацврстување на човековиот капитал, подобрување на инфраструктурата како и зголемување на социјалните, економските и политичките права кадешто фокусот главно се става врз зголемување на основните стандарди за живеење. Целите, избрани во рамките на фокусот врз човековиот капитал, вклучуваат: подобрување на исхраната, здравството (вклучувајќи намалување на нивото на смртност кај децата, хив/сида, туберколоза и маларија како и зголемување на репродуктивното здравје) и образвование. За фокусот врз инфраструктурата, целите вклучуваат: подобрување на инфраструктурата преку зголемување на пристапот до безбедна вода за пиење, енергија и технологија на модерно информирање и комуницирање; проширување на земјоделското производство преку одржливи практики; подобрување на транспортната инфраструктура; како и заштита на животната средина. И на крај, целите за фокусот врз социјалните, економските и политичките права, вклучуваат: права на жените, намалување на насилството, зголемување на политичкиот глас, обезбедување на еднаков пристап до јавните услуги како и зголемување на безбедноста на имотните права. Избраните цели се наменети за да се зголемат човековите способности на поединецот како и „унапредување на средствата за продуктивен живот“. Милениумските развојни цели придаваат големо значење на политиките на поединецот, па за да се постигнат, тие треба да се прилагодат на потребите на поединецот. Оттука, најголемиот број на предлози за политиките се општи.
Ред 11 ⟶ 13:
 
===Милениумски развојни цели===
 
Милениумските развојни цели се развиени надвор од осумте поглавја на Обединетите нации потпишани во септември 2000-та година. Постојат осум цели и 21 потточка на овие цели како и бројни мерливи индикатори за секоја потточка.
 
===Цел 1: Искоренување на екстремната сиромаштија и глад===
 
Потточка 1А: Преполување на процентот на луѓе коишто живеат со помалку од 1 долар дневно
 Процент на луѓе коишто живеат со помалку од 1 долар дневно (вредности на ПКМ-Паритет на куповна моќ)
 Сооднос на јазот на сиромаштијата
 Удел во најсиромашниот квинтал во националната потрошувачка
 
Потточка 1В: Преполување на процентот на населението коешто страда од глад
Зачестеност на деца до петгодишна возраст со тежина помала од нормалната