Скратеници во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.29.98.160 (разговор), вратено на последната верзија на Brest-bot
Ред 1:
{{Македонска фонетика и фонологија}}
'''Скратениците во [[македонскиот јазик]]''' се добиваат со скратување на одделни [[збор]]ови или со спојување на почетните букви или групи букви од зборовите што влегуваат во состав на сложени називи. Поради подобар преглед, скратениците се поделени во групи според нивните слични особини.
 
== Прва група скратеници ==
 
Во оваа група на скратеници влегуваат зборови кои се скратуваат со тоа што се пишуваат само почетните [[Буква|букви]] наместо целиот збор. Така дел од оваа група се<ref name="правопис">{{цитирана книга|coauthors=Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески и Радмила Угринова - Скаловска|title=Правопис на македонскиот литературен јазик|editor=Саветка Димитрова|publisher=Просветно дело|location=Скопје|date=2007|edition=XVI корегирано издание|pages=66-71|isbn=9989-0-0099-9|language=македонски }}</ref>:
 
:'''в.''' - ''види, век, весник''
:'''в.д.''' - в''ршител на должнос''т
:'''г.''' - ''господин''
:'''г.г.''' - ''господин господин, господа''
:'''г.''' или '''год.''' - ''година''
:'''ж.р.''' - ''женски род''
:'''л.''' - ''лице''
:'''м.р.''' - ''машки род''
:'''н.е.''' - ''наша ера / нова ера''
:'''о.г.''' - ''оваа година''
:'''о.м.''' - ''овој месец''
:'''с.''' - ''село''
:'''с.р.''' - ''среден род''
:'''т.''' - ''точка''
:'''т.е.''' - ''то ест''
:'''т.н.''' - ''таканаречен''
 
Вообичаено е некои скратеници да се пишуваат и со големи букви како на пример: '''В.П.''' - ''воена пошта'', '''М.П.''' - ''место за печат'' итн.
 
== Втора група скратеници ==