Масовни медиуми: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
[[Радио]]то го должи својот почеток на две други иновации, [[телеграф]]от и [[телефон]]от, бидејќи сите три изуми се блиски еден на друг. Радио технологијата почнала како проект за „безжична телеграфија“. Откривањето на радио брановите, кои по својата природа се електромагнетни бранови кои имаат капацитет да пренесуваат музика, говор, слики и други податоци, понатаму направилe комплетна револуција во техниката, бидејќи нивната примена е раширена во многу домаќински апарати, од микробранови печки, преку безжични телефони, до играчки кои се на далечинско управување.
 
Во 1860 шкотскиот физичар [[Џејмс Максвел]] го увидел постоењето на радио брановите, но дури 26 години подоцна [[Хајнрих Херц]] демонстрирал дека варијации на електричен извор можат да се проектираат во вселената, во форма на радиодгхјдгхндгхнрадио бранови. Претходно, во 1866 година, американскиот забар [[Малон Лумис]] ја претставил идејата за безжична телеграфија, правејќи ја првата безжична комуникација низ воздухот со помош на змаеви. Италијанскиот иноватор [[Гиљермо Маркони]] го испратил првиот радио сигнал во 1895 година во [[Италија]], додека четири години подоцна успеал да го мине и каналот [[Ла Манш]] на овој начин. Тоа го охрабрило во 1902 година да испрати сигнал од [[Англија]] до [[Њуфаундленд]], и тоа буквата С, што во историјата е забележано како прва прекуокеанска радиотелеграфска порака.ггѕхгхгг
 
[[Никола Тесла]] и [[Нејтан Стејфлфилд]] ги патентирале безжичните радио трансмитери, па затоа Тесла важи за изумител на радио технологијата, што било докажано и по судски пат, кога Маркони го изгубил спорот со Тесла во американскиот Врховен суд.