Универзитет „Гоце Делчев“: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 129:
'''Начинот за упис''' на идните студенти на факултетите е преку полагање на екстерни и интерни испити во рамките на државната матура. За реализација на конкурсот за запишување во прв циклус на студии на Универзитетот се формираат конкурсни комисии за секоја единица. Рангирањето на кандидатите го врши конкурсната комисија. На студентските програми на Универзитетот не можат да бидат запишани кандидати кои имаат помалку од 40 поени, добиени по сите основи.
 
'''Странските државјани''' се запишуваат надвор од квотите утврдени во Конкурсот. При пријавувањето кандидатите поднесуваат нострифицирано свидетелство за завршено средно образование, како и нострифицирани свидетелства за сите класови, заверен превод на изводот од матичната книга на родените, потврда за знаење на македонскиот јазик (издадена од комисија на [[Универзитет | Универзитетот]]) и уверение за здравствена состојба. Кандидатите наведуваат дали се стипендисти на својата влада или самостојно ги поднесуваат трошоците на студирањето. На странските државјани кои се пријавуваат на факултетот за музичка уметност им се врши проверка на знаењата и умеењата. Универзитетот „Гоце Делчев” во [[Штип]] организира курс за изучување на македонскиот јазик. Школарината за странските студенти за учебната [[2010]]/11[[2011]] година изнесува 400€ за еден семестар, доколку поинаку не е регулирано со договор за меѓууниверзитетска соработка. Во оваа категорија влегуваат и кандидатите странски државјани чии родители или самите тие работат во дипломатските претставништва во [[Република Македонија]].
 
Софтверско решение кое придонесува за модерен начин на студирање е '''''електронскиот индекс''''' на Универзитетот. Преку електронскиот индекс се овозможува комплетно електронско студирање вклучувајќи електронски упис и заверка на семестар, електронско пријавување на испити и семинарски работи, објава на електронски резултати, електронска огласна табла, перманентна електронска комуникација и електронски консултации со наставниот и соработничкиот кадар, електронско учење како и многу други активности.