Природно-математички факултет - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
Меѓутоа, поврзаноста на Природно-математичките дисциплини, рационалноста во работењето, како и многубројните општи заеднички интереси на тогашните факултети, во 1985 г. доведоа до повторна интеграција во Природно-математички факултет. Овој период е карактеристечен не само по реинтеграцијата, туку тоа е период карактеристичен за информатичкото општество, брзата компјутеризација и максималното користење на сите благодети што тоа ги пружа во интерес на развојот на научно-образовната дејност. Тоа е период на брза комуникација и проток на информации што ги носи времето, со голем број домашни и странски научноистражувачки проекти. Природно-математичкиот факултет денес е еден современ факултет. Повеќевековниот јаз што постоел со развиениот свет денес е премостен. Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, со примената на ЕКТ системот на студирање, станува дел од европските универзитети. Од 1985 година, Институтот за информатика повеќе од две децении егзистира како посебен институт, а од 2005 година тоа е случај и со Институтот за етнологија и антропологија.
Денес, Природно-математичкиот факултет брои 176 наставно-научни работници, кои, покрај наставата на матичниот факултет, изведуваат настава и на десетина други факултети на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, како и на други универзитети во државата. Факултетот има соработка со над 20 држави во светот. Големиот број објавени трудови во домашни и во странски научни списанија, големиот број домашни, странски и билатерални научноистражувачки проекти, учеството на голем број научни собири во земјата и во странство, големиот број учебници, книги, монографии, сами по себе кажуваат многу за активностите и за развојот на Природно-математичкиот факултет во изминатите 60 години.
 
'''Институти на ПМФ:'''
[[Институт за математика]];