Политика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 78:
Според [[Аристотел]], државите се поделени на монархии, аристократии, тимократии, демократии, олигархии и тирании. Поради проширувањето на познавањето на историјата на политиката, поделбата била изоставена. Општо гледано, не може да се рече дека некоја форма на владеење е најдобра, ако за таква се сметаа таа што е најприкладна во околностите. Сите држави припаѓаат на типот на единична држава - суверената држава. Сите денешни велесили владеат на принципот на суверенитет. Суверенитетот може да биде носен од индивидуа како во автократијата или од група како во уставното владеење. [[Устав]] е пишан документ кој ја одредува и ограничува моќта на различните гранки од владата. Иако Уставот е пишан документ, постои и непишан Устав. Непишаниот устав постојано се надополнува од законодавната гранка на владата. Ова е случај кога околните случувања одредуваат која форма на владеење е најсоодветна. Сепак, пишаниот устав е најважен. Англија ја воведе навиката на пишување на устави за време на граѓанската војна, но после Реставрацијата се откажа. Навиката беше продолжена од американските колонии по нивната еманципација, Франција по револуцијата и остатокот од Европа вклучувајќи ги европските колонии.
 
Постојат две форми на владеење, едното е со силна централна влада како во Франција, другото е локално владеење, слично на старите поделби во [[Англија]], слабо но без многу [[бирократија]]. Овие две форми овозможија оформување на федералното владеење, најпрвин во Швајцарија, потоа во САД во 1776 година, во [[Канада]] во 1867 година, во Германија 1870 година и во Австралија во 20 век. Федералните држави го вовеле новиот начин на договарање преку договор. Споредена со федерација, конфедерацијата се разликува по тоа што нема судска власт.За време на американската граѓанска војна, тврдењето на државите од конфедерацијата дека некоја држава може да се оддели од Унијата било неосновано поради извршната, законодавната и судската моќ на федералната влада.
 
Според професорот А.В.Дајси во ''Вовед во науката за правото во Уставот,'' основни одлики на федералниот устав се: Пишан устав наменет за спречување на спорови помеѓу овластувањата на федералните и државните власти. Распределување на моќта помеѓу федералната и државните влади и [[Врховен суд]] наменет за толкување на уставот и спроведување на правото, кој не е зависен од извршната и законодавната власт..
 
==== Политичка партија ====