Михаил Бахтин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
Додека е во Ленинград, Бахтин го префрла неговиот фокус од филозофската карактеристичност во неговите рани дела кон поимот на дијалогизам. Токму овде тој се зафаќа со делото на Достоевски. “Проблеми на уметноста на Достоевски” се смета за главно дело на Бахтин и овде Бахтин ги претставува трите значајни концепти.
 
Прв е концептот за недовршено себство: индивидуата не може да се финализира, целосно да се разбере, запознае или обележи. Иако е можно да се разберат луѓето и да се третираат како да се целосно познати, концептот за недовршеност на Бахтин не ја отфрла можноста дека личноста може да се смени и дека личноста никогаш не е целосно откриена или целосно позната во светот. Читателите можат да увидат дека овој концепт ја одразува идејата на душата; Бахтин има длабоки корени во христијанството и хеокантианизмот на чело со Херман Коен од кои и двете ја нагласуваат важноста на потенцијална бесконечна способност на индивидуата, вредноста и скриената душа.
 
Втор концепт е идејата за односот помеѓу себеси и другите или другите групи. Според Бахтин, секоја личност е под влијание на друга во еден испреплетен начин и последователно на ова, ниеден глас не може да биде изолиран. Во едно интервју, Бахтин објаснува дека,
<blockquote>Со цел да се разбере ова, неизмерно важно е личноста која разбира да биде лоцирана надвор од објектот од неговото или нејзиното креативно разбирање – во време, во простор, во култура. Еден не може да си ја види својата надворешност и да ја разбере како цела и ниедно огледало или фотографија не може да помогне; нашиот вистински надворешен изглед може да биде виден и разбран само од другите луѓе, затоа што се наоѓаат надвор од нас во просторот, и поради тоа што тие се други”. ~ Њујорк Преглед на Книги, 10 јуни 1993.</blockquote>