Свјатослав Рихтер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Simata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Simata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
 
==Биографија==
Роден е 1915 година во [[Житомир]], [[Украина]], во семејство со германско потекло. Неговиот татко бил почитуван пијанист и учител. Од него ги добива првите музички часови; но во голема мера тој е самоук. Свири пијано со зачудувачка техника веќе на 8 години. Малку подоцна, семејството се преселува во [[Одеса]], каде тој се запишува на тамошниот конзерваториум. Во своите младешки години, се приврзува кон диригирањето и на неверојатните 15 години тој е примен како диригент во Операта и Балетот на Одеса, место кое го држи 4 години. Првиот рецитал на пијано го дава на 19 години исто така во Одеса, во салата на инжинерскиот дом. Препознавајќи извонреден талент, неговите претпоставени го убедуваат да појде во [[Москва]] и да учи пијано кај тогашниот најдобар професор во Русија, [[Хајнрих Нојхаус]]. Послушувајќи ги советите, на 22 години се запишува на Московскиот Конзерваториум, каде работи и ги завршува студиите кај големиот Нојхаус, кој подоцна, за својот ученик, ќе напише: „Морам да признаам дека немав повеќе што да го научам!“.
 
Времето поминато во Москва е исполнето со познанства со колеги – музичари, за кои денеска велиме дека се тоа џиновите на светската музика. Се запознава со својот колега од класата кај Нојхаус - [[Емил Гилељс]], исто така еден од најдобрите пијанисти, со кого развиваат искрено почитување за своите уметности (Низ [[САД]] веќе од порано настапувал Емил Гилељс, зачудувакќи ја американската публика со своето свирење, и при еден пофален комплимент упатен до него после настап, тој само скромно одговорил: „Почекајте да го слушнете Рихтер!“). Познанството со [[Сергеј Прокофјев]], донесува обострано воодушевување. Композиторот е трогнат од Рихтеровата изведба на неговата Соната No.6, па му ги посветува No.7 и No.9, чии премиерни изведби овој ги свири. Се вели за седмата соната дека Прокофјев ја пичувал скоро четири месеци, а Рихтер ја научил за 4 дена. Сепак, Рихтер во една прилика запишува: „Никојпат не бев особено близок со Прокофјефв – човекот, иако на музички план соработувавме многу. Од него чувствував некаков страв; тој за мене целосно е содржан во неговата музика, и тогаш, и сега.“ Соработуваат заедно со виолончелистот, легендарниот [[Мстислав Ростропович]] и виолинистот [[Давид Ојстрах]], изведувајќи дела од светската литература, чии снимки денеска се осамени на врвот по својот квалитет и исклучителност. Во [[1945]] се запознава со сопранистката [[Нина Дорилак]], која многу кратко потоа ја корепетира концерт со репертоар од соло песни. Нивната врска, освен на професионално ниво, ќе премине и на приватно ниво. Иако тие никојпат не стапуваат во официјален брак, живеат заедно; Дорилак редовно го следи на неговите турнеи и му помага околу настапите.
 
Иако настапувајќи редовно на над 120 концерти годишно, Рихтеровиот неверојатен пијанизам скоро никојпат не ги преминува границите на Западот (освен неколку снимки со лош квалитет) сè до 1960 кога тој најпрво свири во [[Финска]], а потоа и низ САД, каде наелектризирачкото свирење ја обзема целата земја како низ некое невреме. Њу Јорк Тајмс го прогласува за „пијанист со стил, поетичност и имагинација: комплетен уметник!“.
 
Умира на 1 Август 1997, на 82 години, од срцев удар во Москва. Погребан е на Московските гробишта [[Новодевичи]], почивалиште на најголемите луѓе на [[Русија]]. Со неговото заминување, светот го загуби најголемиот „лиричар на пијаното“ и зад себе остави празнина која долго време ќе остане непополнета.
 
==Интерпретација==
Редовно во салонот каде настапувал барал светлата да бидат изгасени, со само една мала светилка кај клавијатурата, за да може тој да гледа во неа, сметајќи дека така атмосферата е поинтимна и емоциите полесно пенетрираат до слушателот, а неговата диспонираност и внимание е поголема. Секојпат свирел напамет, се до еден концерт во почетокот на осумдесеттите, кога сосема неочекувано, добива мемориска блокада, и иако до крајот поминува сè како што треба, тој оттогаш на сите концерти до крајот на животот одбива да настапува без нотната партитура.
 
Неговата брилијантна техника и изразната моќ, прави неговите слушатели да го следат со подотворена уста, речиси не дишејќи на одредени фрази, доживувајќи ги неговите изведби како еден вид музичка магија. Голем човек, со градба на атлет, со големи, но гипки раце; можел да опфати и свири цела октава само со палецот и показалецот. Сепак, најголемата карактеристика на Рихтер како изведувач, она по што се разликуваат големите изведувачи од просечните, е моќта на трансформацијата, зачудувачката прилагодливост кон различните стилови и епохи кои ги изведувал во една иста вечер, комбинирана со харизмата составена од суптилни и нежни емоции со кои ги оживува композициите до најситните и мисли и расположенија наметнати од композиторот; од [[Скарлати]] до [[Дебиси]], од [[Шопен]] до [[Рахмањинов]], од [[Бах]] до [[Прокофјев]], од [[Бетовен]] до [[Шостакович]], големи временски и стилски паралели, во кои тој е ненадминат – убедливо, верено, точно, прецизно го доловува и презентира времето на кое изведуваното дело припаѓа. Вистински прикажувач, волшебник.