Виетнамска војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Koki2008 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Koki2008 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 73:
== САД ја губи довербата меѓу сопствените граѓани ==
 
Додека во [[Виетнам]] константно се водеа битки, во [[САД]] јавното мислење се повеќе се заоструваше кон претседателот Џонсон. Така, на 1 декември [[1969]] во САД за првпат по [[Втора светска војна|Втората светска војна]] се изврши лотарија за регрутирање на војници, за која имаше силни приговори и шпекулации дека е нерегуларна. Имено, во еден барабан со бројчиња од 1 до 366 кои ги симболизираа деновите во годината, беше извлечен бројот 258, што значеше дека сите сите способни мажи родени на 14 септември, одат за [[Виетнам]]. Голем замав зема опозициското движење, а дури и вратени војници од Виетнам формираа организација за прекин на војувањата - таканареченото Здружение на Виетнамските Ветерани, чив истакнат член беше [[Џон Кери]], противкандидат на [[Џорџ В. Буш]] на претседателскипретседателските избори во [[САД]] во 2004. Овој период е, исто така, во знакот на [[хипи]] движењето, а протестите против војната во [[Виетнам]] станаа секојдневие.
 
Сепак, најголемиот шок за американската јавност се случи по доаѓањето на [[Ричард Никсон|Никсон]] на власт. Имено, во почетокот на [[1971]], во јавноста излегле документи од Пентагон кои се воделе како воена тајна, а ги опфаќале сите детали околу американско–виетнамските односи од [[1945]]–[[1970]]. Особено компромитиран од нив излезе [[Линдон Џонсон]], сега веќе поранешен претседател, бидејќи тие документи зборуваа за сите тајни диверзантски операции, за сите масакри на американската војска и сите ниски удари кои биле преземени, наспроти изјавите на тогашниот претседател дека се залагал за прекинување на судирите и наоѓање мирно решение. Во јуни истата година, „Њујорк тајмс“ започнува да ги објавува документите. Подоцна, овој скандал претставува основа за целата афера [[Вотергејт]], која за Никсон заврши неславно – по макотрпни судења, сведочења и шпекулирања, тој на 9 август [[1974]] поднесе оставка.