Судска власт: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 23:42, 13 септември 2005

Судовите ја практицираат судската власт. Според Законот за Судови од 1995, постојат 27 судови на прва инстанца, три апелациони судови, и врховен суд. Исто така има и уставен суд чии судии се избираат од страна на Собранието. Судовите се автономни и независни. Судовите судат врз база на уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со уставот. Типовите на судови, нивните сфери на компетенција, нивното уредување, укинување, организација и состав, како и процедурата која ја следат се регулирани со закон усвоен со мнозинско гласање од две-третини од вкупниот број на претставници. Судиите имаат имунитет. Собранието одлучува за имунитетот на судиите. Извршувањето на судската функција не е компатибилно со извршување на други јавни функции, професии и членство во политичка партија. Политичко организирање и активност на судството е забрането. Врховниот Суд на Република Македонија е највисокиот суд во републиката, и обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите.