Друштво на мртвите поети: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox film | name = Dead Poets Society | image = Dead_poets_society.jpg | caption = Theatrical poster | director = [...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
Во драматичната завршница на филмот, момчињата се враќаат на часот по англиски јазик по отпуштањето на Китинг. Часовите сега привремено се држат од Нолан, кој ги тера момчињата да читаат токму од есејот чии страници тие ги искинаа на почетокот а семестарот. Како што се провлекува часот, Китинг влегува во училницата да си ги земе работите. На излегување, Тод му се извинува на Китинг за потпишувањето на признанието, нагласувајќи го притисокот што бил спроведен врз него од академијата. Китинг го признава тоа. Нолан строго му наредува на Тод да биде мирен и побарува од Китинг веднаш да замине. На излегување од училницата, Китинг е запрепастен кога слуша “Капетане! Мој капетане!”, извикано од Тод, кој се качува на клупата онака како што ги тераше Китинг порано, демонстрирајќи ја новата перспектива на која што ги научи Китинг. Во бес, Нолан го предупредува Тод да седне веднаш или да се соочи со исклучување. Потоа, еден по еден, членовите на Друштвото на мртвите поети (освен Камерон), се искачуваат на но нивните клупи, извикувајќи “О капетане, мој капетане”, како своевидна форма на поздрав. Побеснетиот Нолан е поразен. Тој не може да го избрка половина клас, а со тоа да не го компромитира имиџот на училиштето, а со тоа и неговата репутација. Китинг е трогнат и им се заблагодарува на момчињата. Потоа го напушта Велтон засекогаш, задоволен што животните лекции кој тој им ги предаваше оставиле впечаток врз нив.
 
==Извори и инспирации==
Инспирација за ликот на Робин Вилијамс е професорот по англиски јазик Самуел Ф. Пикеринг, јуниор, од Универзитетот во Конектикат, кој му бил поранешен професор на авторот Thomas Schulman во Академијата Монтгомери Бел во Нешвил, Тенеси. Вилијамс, сепак, делумно го базирал својот портрет на ликот според починатиот Џон Кембел, професорот по историја на Вилијамс во приватно училиште во Детроит. На првиод ден од часпвите за Кембел било вообичаено да го фрли учебникот по американска историја во корпата за ѓубре и да започне со предавање без посебни воведи.
Воведниот есеј кој што на часот на Китинг учениците го читаат од нивниот учебник по поезија на почетокот на филмот е речиси буквално превземен од 15 поглавје од книгата на Лоренс Перни (1915-1995) Звук и смисла: Вовед во поезијата,[1] кој повремено се уште се користи на часовите по англиска литература во САД.