Олдос Хаксли: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox Writer <!-- for more information see Template:Infobox Writer/doc --> | name = Алдус Хаксли | image = Aldous Huxley.JPG | imagesize...
 
Ginara (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 24:
 
Уште пред крајот на неговиот живот, во некои академски кругови Хаксли бил сметан за лидер на современата мисла и интелектуалец од највисок ранг, бил мошне ценет и како еден од најзначајните истражувачи на визуелната комуникација како и теориите за видот.
 
==Биографија==
 
==Рани години==
 
Алдус Хаксли е роден во Годалминг, Велика Британија во 1894 година. Тој е третиот син на писателот и учител Леонард Хаксли и неговата прва сопруга Јулија Арнолд, која ја основала школата „Приорс Филд“. Јулија е внука на Метју Арнолд и сестрата на г-ѓа Хемфри Ворд. Алдус е внук на Томас Хенри Хаксли зоолог, агностичар и полемичар („Дарвиновиот булдог“). Неговиот брат Џулијан Хаксли и полу-брат Андреј Хаксли, исто така, биле истакнати биолози. Хаксли имал уште еден брат Ноел Тревенен (1891-1914), кој извршил самоубиство по период на клиничката депресија.
 
Хаксли ја започнал својата обука во добро опремената ботаничка лабораторија на татко му, а потоа продолжил во училиштето Хилсајд. Негов учител била неговата мајка која го надгледувала неколку години, сѐ додека не се разболела од неизлечива болест. По Хилсајд, тој се школувал на колеџот Итон. Мајка му починала во 1908 година, кога имал четиринаесет години. Во 1911 година, тој претрпел болест (keratitis punctata), која го оставила скоро слеп две до три години. Поради неговото слепилото бил дисквалификуван за служба во Првата светска војна. Откако неговиот вид доволно се подобрил, тој студирал англиска литература на колеџот Балиол во Оксфорд. Во 1916 тој бил уредник на „Оксфорд Поезија“ а подоцна дипломирал со почести.
 
"Верувам дека неговиот далтонизам беше благослов. Како пример, тоа го натера да започнуве кариера во медицината... Неговата уникатност лежеше во неговиот универзализам. Тој можеше да го искористи сето знаење за своја корист."
 
По неговото образование во Балиол, Хаксли бил финансиски задолжен кај татко му и морал да заработува за живот. Тој предавал француски една година на Итон, каде Ерик Блер (подоцна познат по името Џорџ Орвел) и Стефан Рунциман биле меѓу неговите ученици, но бил запаметен како некомпетентен и безнадежен наставник кој не може да одржи дисциплина. Сепак, Блер и другите биле импресионирани од неговате јазични способности. За кратко време во 1918 година, тој бил вработен како набавувач во Министерството за воздухопловство.
 
Исто така, значајно е дека Хаксли на седумнаесет годишна возраст, за време на 1920-ите работел во технолошки напредната хемиска фабрика „Брунер и Монд“ во Билингам, Тисајд, а најновите воведи во неговиот познат научно фантастичен роман Храбар Нов Свет (1932) наведуваат дека ова искуство на „еден подреден универзум во светот на безпланска неповрзаност“ бил една од инспирациите за романот.
 
Хаксли го завршил својот прв (необјавен) роман на возраст од седумнаесет години и во своите рани дваесетти години сериозно почнал да пишува. Неговите рани дела вклучуваат важни романи од аспектите на дехуманизација на научниот напредок, најславниот Храбар Нов Свет, како и на пацифистичките теми (на пример, Слеп во Газа). Во Храбар Нов Свет Хаксли го отсликува општеството кое функционира на принципите на масовно производство и во клима на Павлов рефлекс. Хаксли бил под силно влијание од страна на Ф. Матијас Александар и го вметнал него како лик во Слеп во Газа.