Реален Аикидо: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
==АИКИДО ИСТОРИЈА==
'''Изворното Аикидо''' потекнува од вештината аики-џицу, која што датира од 9-ти век од Јапонија. Истата била вклучена во борбената обука на самураите, базирајќи се врз техниката на одбрана. Оваа вештина ја изучувал и основачот на современото Аикидо Морихеј Уешиба (1883 - 1969), познат на илјадници ученици на Аикидо во целиот свет како О Сенсеи - Големиот Учител. Како голем експерт во боречките вештини, не бил задоволен од ниедна затоа што во сите имало премногу насилство, повредени или мртви. Уешиба сметал дека борбата чија што цел е да го повреди или убие противникот треба да се забрани.
Сите овие причини го натерале Уешиба да го создаде својот систем во 1925 година којшто го нарекол
Ред 16:
 
==АИКИДО ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА - РЕАЛЕН АИКИДО==
Во Република Македонија аикидоАикидо започнува континуирано да се изучува од 1986 г. под водство на
Г-дин Ѓуро Илиќ, најпрво во рамките на Џудо клубот "Пелистер" од Битола како Аикидо секција која подоцна прераснува во Аикидо Клуб "Пелистер".
 
Од почетокот на 1996 г. егзистира Аикидо Сојузот на Македонија со седиште во Битола, кој подоцна прераснува во Аикидо Федерација на Македонија - Реален Аикидо.
 
 
==ЦВЕТСКИ ЦЕНТАР ЗА РЕАЛЕН АИКИДО==
== Надворешни врски ==
Љубомир Врачаревиќ во 1993 год. го основа Светскиот центар за Реален Аикидо, организација која го насочува работењето на националните федерации од преку 30 држави од 4 континенти.
 
Љубомир Врачаревиќ со Аикидо започна да се занимава од 1968 год. До тогаш тренирал Џудо и Џиу Џицу, при што стекнува титула мајстор на овие вештини, а воедно продолжува да се усовршува кај мајсторот Хироши Таде - 9 ДАН. Од тогаш интензивно работи на пропагирањето на Аикидо.
Во 1978 година прв пат оди во Јапонија и тренира кај Кишомару Уешиба 10 ДАН, син на основачот на Аикидо Морихеј Уешиба. Програмите за специјална обука на војската, полицијата и телохранителите му донесуваат меѓународна репутација.
Почитувајќи го знаењето на јапонските мајстори, Врачаревиќ го усовршува својот стил на работење. Издвоил повеќе од сто техники, со чиешто прочистување и применување на знаењето од другите боречки вештини ја засилува ефикасноста и применливоста на техниките, со што го создал својот стил - реален Аикидо. Тоа е одлично флексибилен и широко применлив систем на одбранбени техники. Неговото комбинирање е според барањата во одредени ситуации, преку добро движење кое што е мошне важен елемент со кој се постигнува максимална ефикасност.
При второто доаѓање во Токио, 1993 година во Јошинкан, Врачаревиќ се запознал лично со Гозо Шиода 10
ДАН и добил сертификат за учество на семинарот, како потврда за прифаќањето на Реален Аикидо од страна на големиот мајстор Шиода. Месец подоцна тој добива дозвола да ја посети Царската палата, и во таа пригода се запознава и разменува искуства со главниот инструктор на царската гарда.
Врачаревиќ е носител на титулата Академик на Аикидо доделена од страна на Руската Академија. Од 1996 година Љубомир Врачаревиќ е професор на Вишата школа за спортски тренери на Белградскиот Универзитет, а од 1998 година во Белград почнала со работа неговата школа за професионални телохранители.
На 9. август во Далас - Тексас, на мајсторот Љубомир Врачаревиќ доделена му е најголемата титула во боречките вештини - 10 Дан - Соке, како основач на стилот Реален Аикидо.
Со ова унапредување, највисоко во светот на боречките спортови и вештини, Љубомир Врачаревиќ влезе во друштвото на малубројните основачи на стилови и избрани врвни светски мајстори.
Мајсторот Врачаревиќ чие име во 2002 година беше запишано во "Куќата на славните" со титулата Гранд Мастер, во 2003 година стана член на Меѓународниот совет на големи мајстори (International Martial Arts Headfounders Grand Masters Council, носители на 10 Дан во различни боречки вештини) како и директор на
истата институција за Југоисточна Европа. Со сите овие признанија реалниот аикидо влезе во класификацијата на боречките вештини како автентична боречка вештина.
Со добиените бројни покани за презентирање на реалниот аикидо на неколку големи семинари ширум Америка, како и остварените бројни контакти со други организации и асоцијации на боречките вештини, а пред сé презентираниот квалитет на реалниот аикидо пред Меѓународниот совет на големите мајстори, реалниот аикидо како најефикасна вештина на самоодбрана на широка врата влегува и на Американскиот континент.
 
 
== Надворешни врски ЛИНКОВИ==
* [http://www.aikidofederationmk.com/ Аикидо Федерација на Македонија - Реален Аикидо]
* [http://www.aikidofederationmk.com/ Аикидо]