Прост број: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: Во математиката, '''прост број''' е природен број кој има точно два (различни) природни броја з...
(нема разлика)

Преработка од 22:16, 2 февруари 2007

Во математиката, прост број е природен број кој има точно два (различни) природни броја за делители, тоа се 1 и самиот тој прост број. Постојат бесконечно многу прости броеви како што покажал Евклид околу 300 година пр.н.е. Првите 30 прости броеви се: 2, 3, 5, 7, 11, 13, 17, 19, 23, 29, 31, 37, 41, 43, 47, 53, 59, 61, 67, 71, 73, 79, 83, 89, 97, 101, 103, 107, 109, и 113.

2 е единствениот парен прост број, па терминот непарен прост број се однесува на прост број поголем од 2.

Со изучувањето на простите броеви се занимава теоријата на броеви, дел од математиката кој ги проучува природните броеви. Простите броеви се тема на интензивни истражувања и се дел од фундаментални прашања кои повеќе од еден век биле неодговорени (на пр. Римановата хипотеза). Проблемот на моделирање на распоредот на простите броеви е популарна тема меѓу оние математичари кои се занимаваат со теоријата на броеви: наизглед простите броеви се произволно распоредени, но „општата“ распределба на простите броеви следи добро дефинирани закони.

Поимот за прост број се сретнува во многу дисциплини на математиката.