Мутација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Rxy (разговор | придонеси)
Откажано уредување 1121252 од (92.43.64.73 | Разговор)
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
.kaytee is gayyy
[[Податотека:Portulaca grandiflora mutant1.jpg|thumb|right|Мутација кај растение што довела до развивање на цветови со две различни бои.]]
 
Во [[генетика]]та, поимот '''мутација''' се однесува на трајна промена во [[ДНК]] секвенците од кои се состои [[ген]]от. Опсегот на мутациите е варијабилен; може да мутира или само една [[азотна база]] или цел [[хромозом]]ски сегмент.
 
Генските мутации можат да бидат наследени од родителите (''хередитарни'', ''наследни'', односно ''гаметски мутации''), или да се стекнат за време на животниот тек на единката. Наследните мутации се нарекуваат и [[Гамета|гаметски]] бидејќи тие се присутни и во [[јајце клетка]]та и [[сперматозоид]]от. Ваквиот вид на мутација е присутна во текот на целиот живот на единката и е присутна во речиси секоја [[клетка]] во телото.
 
Мутациите кои се случуваат само во една јајце клетка или еден сперматозоид се нарекуваат ''de novo'' мутации. ''De novo'' мутациите можат да го објаснат [[Генетско заболување|генетското заболување]] кај единката, но од нив неможат да се земат податоци за фамилијарната историја на заболувањето.
 
Стекнатите (или ''соматски'', т.е. ''телесни'') мутации се случуваат во ДНК молекулата на поедини клетки во одреден период од [[онтогенеза]]та. Овие промени може да се предизвикани од различни [[еколошки фактор]]и, како [[ултравиолетово зрачење]] од Сонцето, или, пак, можат да се појават доколку настанат грешки при [[Репликација|репликацијата на ДНК]] во текот на [[Делба на клетките|клеточниот циклус]]. Стекнатите мутации не се предаваат на [[потомство]]то.