Брус Ли: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Dzoko (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Dzoko (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 263:
Додека бил во [[САД]] од 1959-1964, Ли престанал да мисли на филмската кариера и се фокусирал на ширење на [[боречките вештини]]. [[Вилијам Дозиер]] (William Dozier) го поканил Ли на аудиција, каде што Ли толку ги импресионирал режисерите со неговите светлосно брзи потези што ја добил улогата на [[Като]] (Kato) заедно со [[Ван Вилијамс]] (Van Williams) во ТВ серијата [[Грин Хорнет]] (Зелениот стршлен). Шоуто траело само една сезона, од 1966 до 1967 година. Ли исто така ја одиграл улогата на Като во три епизоди на [[Бетмен]]. Ова било проследено со гостувања во повеќе телевизиски, вклучувајќи ги [[Ајронсајд]] (Ironside) (1967) и [[Here Come the Brides]] (1969). Во 1969 година, Ли на кратко се појавил во својот прв американски филм [[Марлоу]] (Marlowe), каде што играл улога на мафијаш најмен да го заплаши приватниот детектив [[Филип Марлоу]] (кој го игра [[Џејмс Гарнер]]) со разбивање на неговата канцеларија со високи удари со нога и светкавично брзи тупаници само за подоцна случајно да скокне од висока зграда додека се обидува да го турне Марлоу. Во 1971 година, Ли се појавил во четири епизоди од телевизиската серија [[Лонгстрит]] (Longstreet) како инструктор за боречки вештини на насловниот лик Мајк Лонгстрит (кој го игра [[Џејмс Францискас]] (James Franciscus)).
 
Според изјавите од Брус Ли и на [[Линда Ли Кадвел]] по смртта на Брус, во 1971 Брус започнал со снимање на сопствени телевизиска серија привремено наречена ''Воинот'' (The Warrior). Овие изјави биле потврдени од [[Ворнер Брос]] (Warner Bros). Сепак според Кадвел, концептот на Ли бил променет и преименуван во Кунг Фу, но Ворнер Брос не му дал никакви заслуги на Ли [<ref>58]</ref>. Наместо тоа, улогата на шаолински монах во [[Дивиот Запад]], му била доделена на [[Дејвид Карадин]] - актер кој тогаш не знаел боречки вештини, поради стравувањата во студиото дека ако [[кинез]] ја игра главната улога, нема да биде прифатен од јавноста. [<ref>59]</ref> Книги и документарци во врска со шоуто „Кунг Фу“ ја оспоруваат верзијата на Кадвел. Според овие извори, шоуто било создадена од двајца писатели и продуценти, Ед Спилман и Хауард Фрајдлендер, и причината поради која Ли бил отфрлен била делумно неговата етничка припадност, а уште повеќе слабиот акцент. [<ref>60]</ref>
 
На 9 декември 1971 г. на телевизиското интервју за ,,[[шоуто Пјер Бртон]]” , Брус Ли рекол дека и ,,Ворнер брадерс” и ,,Парамаунт” сакаат да снима американска телевизиска серија. На коментарите на [[Пјер Бртон]], ,,има прилично добри шанси дека ќе добиете улога во ТВ серија во САД наречена ,,Воинот”, но што ќе користите во неа, боречки вештини во сцени од Западот?" Ли одговара, "Тоа беше оригиналната идеја, ... и двете продуцентски компании (Ворнер и Парамаунт), мислам дека сакаат да глумам во модернизирана серија и тие мислат дека ,,Западот" е веќе застарена работа. Со оглед на тоа што сакам да глумам во ,,Западот”, бидејќи како поинаку може да се оправдаат удирањето и насилството, освен во периодот на Западот?" Подоцна во текот на интервјуто, Бертон го прашал Ли за ,,проблемите со кои се соочувате како кинески херој во американска серија.” Дали луѓето се појавија во индустријата и рекоа ,,Па, не знаеме како публиката ќе прифати неамериканец ?". Ли одговара: "Па, такво прашање веќе е поставено, всушност, имало дискусии за него. Затоа ,,Воинот” најверојатно нема да продолжи." Ли додава, "Тие мислат дека бизнисот е ризик. Не ги обвинувам. Ако ситуацијата беше обратна, т.е. ако некоја американска ѕвезда требаше да дојде во Хонг Конг, а јас сум човекот кој ги има парите, самиот би се грижел дали актерот ќе биде прифатен таму. "[ <ref>61]</ref>
 
Незадоволен од неговите споредни улоги во САД, Ли се вратил во Хонг Конг. Несвесен дека [[Д Грин Хорнет]] (Зелениот стршлен)бил емитуван во Хонг Конг со огромен успех и бил неофицијално наречен ,,The Kato Show", тој бил изненаден кога на улиците го препознавале како "ѕвезда" на шоуто. Тогаш на Ли му бил понуден договор од страна на легендарниот режисер [[Рејмонд Чоу]] (Raymond Chow) за глумење на главната улога во два филма продуцирани од неговата продукциска компанија на [[Голден Харвест]] (Golden Harvest). Ли ја одиграл својата прва водечка улога во [[Големиот шеф]] (The Big Boss) (1971), кој се покажал како огромен успех низ благајните низ [[Азија]] и го катапултирал да статус на ѕвезда. Наскоро следел [[Гневна тупаница]] ( Fist of Fury) (1972) што ја соборил рекордната заработувачка на Големиот шеф. Откако завршил почетниот двегодишен договор, Ли преговарал за нов договор со Голден харвест. Ли подоцна со Чоу формирал своја компанија Конкорд Продакшнс Инк (Concord Productions Inc.) (協和公司). За неговиот трет филм, [[Патот на змејот]] (1972), му била дадена целосна контрола на снимањето на филмот како писател, режисер, ѕвезда, и кореограф на сцените со борби. Во 1964 година, на семинар во [[Лонг Бич,Калифорнија]], Ли се сретнал со карате шампионот [[Чак Норис]]. Во Патот на змејот Ли го претставил Норис на публиката како негов противник во последната борба до смрт во [[Колосеумот во Рим]], која денес се смета за една од најлегендарните боречки сцени на Ли и еден од најзапаметените боречки сцени во историјата на филмовите со боречки вештини. [<ref>62]</ref>
 
На крајот од 1972 година, Ли започнал да работи на својот четврт Голден Харвест филм наречен [[Игра на Смртта]] (Game of death) . Го запонал снимањето на некои сцени вклучувајќи ги и неколкуте негови борби со 220cm високата американска кошаркарска ѕвезда [[Карим Абдул-Џабар]], поранешен студент. Снимањето било прекинато кога Ворнер Брадерс му понудиле на Ли да ја игра главната улога во [[Enter The Dragon]], првиот филм што бил снимен заеднички од Голден Харвест и Ворнер Брос. Овој филм вртоглаво ја зголемил славата на Ли во САД и [[Европа]]. Сепак, само неколку месеци по завршувањето на филмот и 6 дена пред неговата промоција [<ref>63] </ref> на 26 Јули 1973 година, во најдобра физичка форма, Ли мистериозно умрел. Enter The Dragon станал еден од најзначајните филмови за боречки вештини на годината и го утврдил Ли како легенда на боречките вештини. Бил снимен 850 000 долари во 1973 година (еквивалент на 4 000 000 долари прилагодени според инфлацијата од 2007 година). [<ref>64]</ref> До денес , Enter The Dragon има заработено над 200 милиони долари низ целиот свет. [65] Филмот предизвикал краток каприц во боречките вештини, олицетворени во песни како ,,[[Кунг Фу Фајтинг]]" и телевизиски емисии како [[Kung Fu]].
 
[[Роберт Клаус]], режисерот на Enter The Dragon, и [[Рејмонд Чоу]] се обиделе да го завршат нецелосниот филм на Ли - Игра на смртта, на кој Ли исто така бил сценарист и режисер. Ли имал снимено преку 100 минути, вклучувајќи и снимки кои биле отфрлени по едитирањето, пред снимањето да биде спречено за тој да може да работи на Enter The Dragon. Освен [[Абдул-Џабар]], [[Џорџ Лазенбај]], хапкидо мајсторот [[Ји Хан Је]] (Ji Han Jae) и друг ученик на Брус Ли, исто така се појавил и [[Ден Иносанто]] се појавил во филмот, кој требал да кулминира со ликот на Ли, Хаи Тјен (облечен во сега познатите жолти тренерки) снимајќи сцени со различни предизвици на секој кат како што напредува низ петспратна пагода. Во контроверзен потег, Роберт Клаус го завршил филмот користејќи [[двојник]] и [[архивски снимки]] од Ли од останатите негови филмови со нова приказна и глума, кој бил промовиран во 1979 година. Сепак, составениот филм содржел само петнаесет минути од вистинската снимка на Ли (имал снимано многу неуспешни сцени [<ref>66]</ref>), додека во останатите снимки имало двојник, [[Ким Таи Чун]], и [[Јуен Биао]] двојник-каскадер. Неискористените сцени кои Ли ги снимил биле откриени 22 години подоцна и биле вклучени во документарниот филм [[Брус Ли: Патувањето на воинот]].
 
== Физичка кондиција и исхрана ==
Ред 279:
По неговата борба со [[Вонг Џек Ман]] во 1965 година, Ли го променил својот пристап кон тренирањето боречки вештини. Ли сметал дека борци од неговото време не поминуваат доволно време на физичка тренинг. Брус ги вклучил сите елементи на вкупниот фитнес - мускулна сила, мускулна издржливост, кардиоваскуларна издржливост и флексибилност. Тој се обидел со традиционални [[бодибилдинг]] техники за да се изгради големи мускули или маса. Сепак, Ли бил внимателен во поучувањето дека менталната и духовната подготовка се од фундаментално значење за успехот на физичкиот тренинг во умешноста на боречките вештини . Во својата книга [[Тао на Џит Кун До]], тој напишал
 
,,Тренингот е еден од најзапоставените делови на атлетиката. Премногу време се посветува на развивање на вештина, а премалку за развој на поединецот за учество. " ,,ЈКД, најпосле не се состои во детални техники туку во високо развиена духовност и фигура. [<ref>67]</ref>
 
Програмата за тренирање со тежина што Ли ја користел за време на неговиот престој во Хонг Конг во 1965 година, на само 24 години му ја нагласила развиеноста на рацете. Во тоа време тој можел со една рака да дигне тежина околу 32-36 кг три серии по осум пати, заедно со други вежби, како што се [[чучњеви со тег]], [[склекови]], вежби за подлактица, вежби за бицепс, [[француска преса]] и вежби за зглобови и за обратни зглобови. [<ref>68]</ref> Повторувањата кои ги изведувал биле од 6 до 12 пати (во тоа време). Додека овој метод на тренирање бил насочен кон неговите брзи и бавни контрактивни мускули, тоа подоцна резултирало со зголемување на телесната тежина или мускулна маса, правејќи го Брус малку потежок од 72 кг. Било документирано дека Ли имал над 2.500 книги во својата приватна библиотека, и на крајот заклучил дека ,,Поголем мускул е посилен мускул", заклучок за кој подоцна се двоумел. Брус секогаш експериментирал со неговите тренинг рутини за да ги максимизира неговите физички способности, и да го доведе човечкото тело до крајните можности. Тој користел многу различни рутини и вежби, вклучувајќи [[скокање јаже]], што служело ефективно за неговите тренинг и бодибилдинг цели. [<ref>69]</ref>
 
Ли сметал дека [[стомачните мускули]] се една од најважните групи мускули за борец, бидејќи речиси секое движење бара извесен степен на абдоминална работа. Мито Ујехара се сеќава дека ,,Брус секогаш сметал дека ако вашиот стомак не е развиен, тогаш не можете да имате тежок спаринг". Според неговата сопруга Линда, тој дури и кога не тренирал, честопати правел стомачни и други [[абдоминални вежби]] во домашни услови во текот на денот, како на пример за време на гледање телевизија. Таа рекла за Ли, ,, Брус беше фанатик за абдоминални вежби. Тој секогаш правеше [[стомачни]], вежби на клупа за стомачни, дигање на нозете и граплинг стомачни".[<ref>70]</ref>
 
Ли тренирал од 7 до 9 часот наутро, вклучувајќи стомачни вежби, флексибилност и трчање, а од 11 до 12 часот дигал тегови и возел велосипед. Вообичаена вежба за Ли било трчање од 3,2 до 9,65 километри во период од 15 до 45 минути, во којшто ја менувал брзината во интервали од 3 до 5 минути. Ли возел околу 16 километри за 45 минути на статичен велосипед. [<ref>71]</ref> [<ref>72]</ref>
 
Ли понекогаш вежбал со јаже за скокање и правел по 800 скокови по возењето велосипед. Ли исто така правел вежби за зацврстување на кожата на тупаниците, вклучувајќи притискање на рацете во кофи со остри камења и чакал. Тој правел над 500 повторувања на истата вежба на определен ден. [<ref>73]</ref> Една статија од С. Чајна Пост (S. China Post) вели: ,,Кога некој доктор го предупредил да не нанесува премногу болка на неговото тело, Брус ги отфрлил неговите зборови велејќи: ,,Човечкиот мозок може да покори што било, па дури и вистинска болка "- Брус Ли. [<ref>74]</ref>"
 
== Исхрана ==
Ред 295:
Тој консумирал [[зеленчук]] и [[овошје]] секој ден. Брус секогаш претпочитал да јаде [[кинеска]] или друга [[азиска]] храна, бидејќи ја сакал нивната разновидност. Некои од неговите омилени кинески јадења биле говедско месо во сос од острига, [[тофу]] и бифтек и црн дроб. Тој, исто така станал поддржувач на [[прехранбени додатоци]], вклучувајќи ги [[Витамин Ц]], [[лецитин]] гранули, полен од пчела, [[Витамин Е]], [[Див трендафил]] (во течна форма), масло од [[пченични никулци]], [[Acerola]] - C и B-листови.
 
Брус Ли мразел [[млечна храна]] иако знаел дека за градење мускули мора да пие [[млеко]] и да јаде [[јајца]]. Како резултат на тоа, тој јадел млечни производи само во вид на [[житарици]] и протеински пијалоци, вообичаено користејќи [[млеко во прав]], наместо свежо млеко. Исхрана на Ли вклучувала протеински пијалоци, тој секогаш се обидувал да консумира по еден или два дневно, но подоцна престанал да ги пие. Тие обично содржеле не-инстант млеко во прав, за кој се смета дека има повисока концентрација на калциум од другите форми на млеко во прав, јајца, пченични никулци, [[путер од кикирики]], [[банана]], [[пивски квасец]] поради неговиот Б витамин и [[Иноситол]] и [[Лецитин]] додатоци. Линда се сеќава дека половината Брус варирала меѓу 66-71 сантиметри. ,,Тој, исто така, пиеше сопствени смеси на џусови направени од зеленчук и овошје, [[јаболка]], [[целер]], [[моркови]] и така натаму, подготвени во електричен блендер", рече таа. [<ref>75]</ref>
 
Според Ли, големината и бројот на оброци се исто така важни. Тој обично консумирал четири или пет помали оброци на ден, наместо неколку големи оброци, и го забрзувал [[метаболизмот]] преку јадење мали здрави закуски како на пр. овошје во текот на денот. Овошјето и зеленчукот му давале најмногу јаглехидрати, и тој бил особено сакал моркови па така половината од содржината на пијалок била од моркови, а другата половина ја делел меѓу другото овошје и зеленчук. Причината што Ли толку сакал да консумира зеленчук и овошје во течна форма била тоа што тој верувал дека на тој начин телото може полесно да апсорбира хранливи состојки. Ензимите во течниот зеленчук делуваат како органски [[катализатори]] кои го забрзуваат метаболизмот и апсорпцијата на хранливите состојки. Со оглед на тоа дека повеќето од овие ензими се уништуваат при готвење, Ли се обидувал да ги јаде сурови.
 
Ли честопати пиел [[матичен млеч]] и [[жинсенг]] пијалок бидејќи тие содржат Б-комплекс витамини, вклучувајќи висока концентрација на витамин Б5 ([[Пантотенска киселина]]) и витамин Б6 ([[пиродоксин]]), [[ацетилхолин]], хормони, и осумнаесет [[амино киселини]], кои брзо ја зголемуваат енергијата . [<ref>76]</ref> Во [[традиционалната кинеска медицина]], за Жинсенг се смета дека исто така ја подобрува циркулацијата, го зголемува дотурот на крв, дозволува побрзо закрепнување по исцрпување и го стимулира телото.
 
== Телесни подвизи ==
Феноменалната форма на Ли значела дека тој бил способен за извршување на многу исклучителни физички подвизи. [<ref>77]</ref> [<ref>78]</ref> [<ref>79]</ref> [<ref>80]</ref> ,,Човек способен да изведува супер човечки подвизи, кои допрва треба да се достигнуваат." [<ref>81]</ref> Следнава листа ги вклучува некои од телесни подвизи, кои му се припишуваат на Брус Ли.
 
• Брзината Ли на напаѓање со раце спуштени до половината, од 91цм достигнувала пет стотинки од една секунда . [<ref>82]</ref>
• Ли можел да држи [[тег]] од 34кг со една рака од стоечка позиција на исто ниво со градите држејќи го таму 20 секунди. [<ref>83]</ref>
• Боречките движења на Ли во тоа време биле пребрзи за да бидат снимени со традиционална камера со 24 фрејма во секунда и да бидат прикажани јасно при премотување па затоа многу сцени биле снимени со 32 фрејма во секунда за поголема јасност. [<ref>84]</ref> [<ref>85]</ref> [<ref>86]</ref>
• При демонстрација на брзина, Ли можел да грабне [[монета]] од отворена дланка на некое лице и да остави [[пени]] пред лицето да ја затвори дланката. [<ref>87]</ref>
• Ли можел да стои во подигната V позиција 30 минути или подолго. [<ref>79]</ref>
• Ли можел да фрли зрна ориз нагоре во воздухот и да ги фати при паѓањето со стапчиња за јадење. [<ref>88]</ref>
• Ли можел да продупчи неотворени лименки од [[кока-кола]] со неговите прсти. (Ова било кога лименките за безалкохолни пијалоци се правеле од многу потенок челик од денешните алуминиумски конзерви). [<ref>86]</ref>
• Ли правел [[склекови]] со една рака користејќи ги само палецот и показалецот. [<ref>80]</ref> [<ref>88]</ref> [<ref>89]</ref>
• Ли се дигал на вратило 50 пати со една рака. [<ref>90]</ref>
• Ли можел да скрши дрвени табли со дебелина од 15цм. [<ref>91]</ref>
• Ли можел да удри страничен удар на боксерска вреќа од 90,72 кг и истата да ја удри во таванот. [<ref>80]</ref>
• Ли удрил [[страничен уда]]р со нога додека тренирал со [[Џејмс Кобрн]] и искинал боксерска вреќа од 68 кг. [<ref>79]</ref> [<ref>92]</ref>
• Во потег наречен ,,Знамето на змејот", Ли можел да ги дигне нозете само со лопатките на работ на клупа и да ги држи нозете и торзото хоризонтално во воздухот. [<ref>93]</ref>
 
== Филозофија ==
 
Иако Ли е најдобро познат како борец, тој, исто така студирал драма и [[филозофија]] на [[Универзитетот во Вашингтон]]. Тој бил начитан и имал богата библиотека. Неговите сопствени книги за [[боречки вештини]] и филозофија на борбите се познати по нивните филозофски тврдења и внатре и надвор од круговите на боречките вештини. Неговата [[еклектична]] филозофија честопати била контрадикторна на неговите верувања, иако и тој тврдел дека неговите боречки вештини биле само метафора за такви учења. Тој верувал секое учење на крајот доведува до самоспознание, и рекол неговата избран метод на самоизразувањето се боречките вештини. [<ref>94]</ref> Неговата влијанија ги вклучуваат [[таоизмот]], филозофот и спиритуалист [[Џиду Кришнамурти]] и [[будизам]]. [<ref>95]</ref> Џон Литл изјавил дека Ли бил [[атеист]]. Кога во 1972 година го прашале која е неговата религиозна припадност, тој одговорил ,,ниедна." [<ref>96]</ref> Исто така во 1972 година, кога го прашале дали тој верувал во [[Бога]], тој одговорил: "Да бидам совршено искрен, навистина не верувам." [<ref>96]</ref>
 
Следниве цитати ја рефлектираат неговата филозофија на борба.
 
• „Биди без форма ... без облик, како вода. Ставаш вода во чаша, таа станува чаша. Ставаш вода во шише, водата станува шише. Ставаш вода во чајник, таа станува чајник. Сега водата може да тече, или да лази или да капе или да се судира! Биди вода, пријателе ..."[ <ref>97]</ref> <br />
• „Сите видови на знаење, на крајот водат кон самоспознание" [<ref>98]</ref> <br />
• „Користете го само она што функционира, и земете го од каде било." [<ref>99]</ref> <br />
• „Не го негирајте класичниот пристап, едноставно како реакција, или ќе создадете уште една шема и ќе се заробете таму." [<ref>100]</ref> <br />
• „Брзиот темперамент многу брзо ќе ве направи будали." [<ref>101]</ref> <br />
• „Секогаш учам нешто, а тоа е: секогаш биди тоа што си. Изрази се, имај верба во себе. Не излегувај во потрага по успешна личност за да ја копирате." [<ref>102]</ref> <br />
• „Не е секојдневното зголемување, туку секојдневното намалување. Отстранете го небитното." <ref>103</ref> <br />
 
Ред 337:
На 10 мај 1973 година, Ли се онесвестил во студиото [[Голден Харвест]], за време на снимањето на филмот [[Ентер Д Драгон]]. Страдајќи од напади и [[главоболка]], тој веднаш бил пренесен во [[баптистичката болница во Хонг Конг]] каде докторите дијагнозирале [[церебрална едема]]. Тие му го намалиле отокот до внесување на [[манитол]]. Истите симптоми кои се појавиле за време на неговото прво онесвестување се повториле на денот на неговата смрт. <ref>104</ref>
 
На 20 јули 1973 година, Ли бил во Хонг Конг со цел да вечера со поранешната [[Џејмс Бонд]] ѕвезда [[Џорџ Лазенбај]], со кој имал намера да сними филм. Според неговата сопруга, Линда Ли, Ли се состанал со режисерот [[Рејмонд Чоу]] во 2 часот по полноќ во неговиот дом за да разговараат за снимањето на филмот [[Игра на Смртта]]. Тие работеле до 4 часот наутро а потоа заедно заминале кон домот на колешката на Ли, [[Бети Тинг]], [[тајванска]] актерка. Тројцата го разгледале сценариото во домот на Тинг, а потоа Чоу заминал на состанок. [[[Се бара извор]]]
 
Подоцна Ли се пожалил на главоболка и Тинг му дала [[аналгетик]], [[Equagesic]], што содржел и [[аспирин]] и [[мускулен релаксант]]. Околу 19:30 часот, отишол на дремка. Кога Ли не се појавил на вечера, Чоу дошол во станот но не можел да го разбуди. Повикале доктор, кој десет минути се обидувал да го оживее пред да го испрати со брза помош во болницата [[Квин Елизабет]] (Кралицата Елизабета). Кога стигнал во болницата Ли веќе бил мртов.
 
Немало видливи надворешни повреди, но според извештајот од обдукцијата неговиот [[мозок]] бил значително отечен, од 1.400 на 1.575 грама (зголемување од 13%). Ли имал 32 години. Единствената супстанција пронајдена за време на обдукцијата била Equagesic. На 15 октомври 2005 година, во едно интервју Чоу изјавил дека Ли умрел од [[хиперсензитивност]] на мускулниот релаксант во Equagesic, што го опишал како вообичаена состојка во аналгетиците. Кога докторите официјално ја објавиле смртта на Ли, извештајот гласел ,,смрт од несреќен случај." [[[Се бара извор]
]]
Се појавила контроверзија кога д-р Дон Лангфорд, кој бил личен лекар на Ли во Хонг Конг и го третирал Ли за време на неговото прво онесвестување,изјавил дека Equagesic немал никаква замешаност во првиот колапс на Брус." [105]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Брус_Ли