Франц Бекенбауер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
}}
 
'''Франц Антон Бекенбауер''' (роден на 11 септември 1945) е легендарен германски фудбалер, фудбалски менаџер и тренер,познат глобално под прекарот ''Der Kaiser'' (Императорот) поради елeгантниот начин на игра, улогата на лидер во тимот и доминацијата на фудбалскиот терен. Тој е сметан за најдобриот германски фудбалер на сите времиња,и за еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалската игра.<refreference>{{cite web | url = http://www.fifa.com/classicfootball/players/player=25113/bio.html | title = Franz Beckenbauer | accessdate = 24 July 2009 | publisher = fifa.com}}</ref><ref>{{cite news | url =http://www.independent.co.uk/news/people/profiles/franz-beckenbauer-the-kaiser-480839.html | title = Franz Beckenbauer: The Kaiser | accessdate = 24 July 2009 | publisher = The Independent | date = 3 June 2006 | location=London | first=James | last=Lawton}}</ref>
Бекенбауер беше разноврст играч кој ја започна својата кариера како играч во средниот ред,но стана познат и го постигна својот легендарен статус играјќи како одбранбен играч.Тој е често споменуван и акламиран како играч кој ја измисли улогата на либеро во фудбалот.
Бекенбауер е два пати избран за Европски Играч на Годината, има 103 настапи за Западна Германија и има настапено на три Светски Првенства. Како капитен за Западна Германија,тој го освојува Светското Првенство во 1974, и овој успех го повторува како тренер на репрезентацијата во 1990. Со својот клуб,Баерн Минхен, Бекенбауер освојува три последователни Европски Купа,од 1974 до 1976, и Купот на Куп победниците во 1967. Франц Бекенбауер е единствениот фудбалер кој освоил три Европски купа како капитен на екипата освојувач,во неговиот случај Баерн Минхен. Подоцна станува тренер и претседател на клубот.