Со глава низ ѕид
Со глава низ ѕид е мулти-наградуван игран филм од германско-турскиот режисер Фатих Акин. Филмот ја прикажува љубовната приказна на една млада девојка, родена во Германија но подигната како турчинка, која влегува во фиктивен брак со алкохоличар и зависник од дрога, со цел да избега од моралните вредности на нејзините родители.
Филмот е прв дел од трилогијата„Љубов, смрт и ѓавол“, кој во 2007 година продолжува со „На работ на рајот“ и завршува во 2014 со „Рана(филм)“.
Дејство
уредиКахит, 40-годишен Германец-Турчин од Хамбург, во алкохолизирана состојба вози во правец на ѕид. Додека бил во болница, тој се сретнал со Сибел, која исто така, е таму заради обид за самоубиство. Сибел, млада турчинка, се бунтува против нејзиниот традиционален турски семеен дом. Таа сака да живее сопствен живот, велејки: „Сакам да живеам, сакам да танцувам, сакам да ебам. И тоа не само момче.“ За да ја добие оваа независност од нејзиниот строг татко и нејзиниот доминантен брат, таа гледа само на можноста да влезе во фиктивен брак. Кахит, кој го "отфрлил" неговиот мајчин јазик- турскиот, агресивно одговара на секое прашање за неговото мистериозно минато и го заработува џепарлакот со собирање шишиња во алтернативниот клуб „Фабрика“, се согласува на брак после уште еден обид за самоубиство од Сибел. Кога ќе пристигне да ја побара раката на ќерката од нејзините родители, тој се преправа дека е управител во ресторанот во кој работи.
По венчавката, тој не се вклучува во ниту еден дел од безгрижниот и неограничен живот на Сибел откако влегле во брак. Но, малку по малку, сфаќа дека Сибел му се допаѓа, дека тој ја сака. Неговата наклоненост оди до таму што тој за време на претходна љубов за една ноќ убива Сибел во афект. Жртвата претходно за неколку минути го иритирала и му го понудила пари како макро за добиената услуга. Кахит е осуден на неколку години затвор. Сибел, која се заљубила во Кахит, e отфрлена од нејзината фамилија. Таа му ветува на Кахит дека ќе го почека и се преселува во Истанбул, каде што работи во хотел каде нејзината братучеда Селма е вработена како менаџер.
Литература
уреди- Jochen Neubauer: Türkische Deutsche, Kanakster und Deutschländer. Identität und Fremdwahrnehmung in Film und Literatur: Fatih Akin, Thomas Arslan, Emine Sevgi Özdamar, Zafer Şenocak und Feridun Zaimoğlu. Königshausen & Neumann, Würzburg 2011, S. 224–274
- Daniela Berghahn: Head-On (Gegen die Wand). Palgrave MacMillan (BFI Film Classic series), Basingstoke 2015, [./https://de.wikipedia.org/wiki/Special:BookSources/9781844576746 ISBN 978-1-84457-674-6]
- Mine Eren: Cosmopolitan Filmmaking: Fatih Akin’s ‘In July’ and ‘Head-On’. In: Sabine Hake, Barbara Mennel (Hrsg.): Turkish German Cinema in the New Millennium: Sites, Sounds, and Screens. Berghahn Books, New York 2012, S. 175–185
- Stephen Brockmann: Gegen die Wand (2004) or Germany Goes Multicultural. In: A Critical History of German Film. Boydell and Brewer, Woodbridge 2010. S. 479–487
Надворешни врски
уреди- Официјално нрежно место Архивирано на 20 март 2007 г.