Сочувство за ѓаволот (филм)
„Сочувство за ѓаволот“ (англиски: Sympathy for the Devil) — британски авангарден докуметарен филм од 1968 година. Режисер на филмот е Жан-Лик Годар (Jean-Luc Godard), кој е автор и на сценариото. Филмот претставува смеса на документарен филм, фикција и драматизирано читање политички текстови. Притоа, филмот се бави со креативниот процес, а најпознат е по сцените во кои се прикажува како настанала песната „Sympathy for the devil“ додека рок-групата Ролинг стоунс снимала во лондонското студио „Olympic“.[1]