Сотир Георгиевски

Сотир Петров Георгиевски (20 мај 1921 во Битола — 15 мај 1944 во Битола) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис

уреди

Сотир Петров Георгиевски е роден во Битола. По занимање бил шивач. Сотир спаѓа меѓу првите кои уште од 1941 година излегле во партизани. Истата година, во ноември, фашистите го заробиле и осудиле на смрт. Меѓутоа, бил погубен дури на 15 мај 1944 година во Битола.[1]

Наводи

уреди
  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)