Сообраќаен знак
(Пренасочено од Сообраќајни знаци)
Сообраќајните знаци се знаци на патиштата.
Сообраќајните знаци се поделени во три групи:
- Знаци за опасност
- Знаци за известување (предупредување)
- Знаци за забрана
Сообраќајните знаци се исти насекаде во светот и важат за сите учесници во сообраќајот. Сообраќајните знаци забрануваат движење, објаснуваат какви опасности има на патот и известуваат за тоа што и каде се наоѓа. Триаголните сообраќајни знаци означуваат опасност, кружните означуваат забрана, а четириаголните означуваат известување
Покрај овие знаци, постојат и светлосни знаци, како што се семафорите. Постојат два вида на семафори: семафор за пешаци и семафор за автомобилите. Тие се составени од три светла: црвено, жолто и зелено. Овие бои означуваат:
- Црвено: се наоѓа најгоре на секој семафор. Тоа значи запирање на автомобилите и чекање додека не дојде другото светло на ред;
- Жолто: се наоѓа помеѓу црвеното и зеленото светло. Тоа означува припрема;
- Зелено: се наоѓа најдолу на семафорот и значи поаѓање.
Сообраќајните знаци како мотив во книжевноста
уреди- „Пред семафор“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[1]
Надворешни врски
уреди- Сообраќајните знаци во Република Македонија Архивирано на 9 јули 2021 г. — веб-страница во која можете да ги учите знаците
- Правила и прописи во сообраќајот Архивирано на 11 јули 2021 г.
Наводи
уреди- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 67.