Сомово Море
Сомово Море било предложено име за дел од Јужниот Океан. Тоа би требало да биде сместено северно од најисточниот дел на Антарктичкиот потконтинент Источен Антарктик, северно од брегот на Оутс, земјата на Викторија и брегот на Џорџ V, помеѓу 150 ° и 170 ° исток. Запад од него треба да биде морето Д'Урвил. Источно од Кејп Адаре, на 170°14 ' исток е Росовото Море.
Името најпрво било предложено од страна на Русите, за нацртот на Меѓународната Хидрографска Организација (МХО) во 2002 година. Овој нацрт никогаш не бил одобрен од страна на МХО (или било која друга организација), а документот на МХО од 1953 година (кој не го содржи името) останува моментално во сила. Водечките географски власти и атласи не го користат името, вклучувајќи го и 10-тото издание на Светскиот атлас на Соединетите Американски Држави од 2014 година и 12-тото издание на Британскиот Тајмс Атлас на светот од 2014 година. Но, советските и руските изданија на карти го користат.
Сомовото Море треба да има површина од 1.150.000 км2 и да биде длабоко до 3000 метри.
Островите Балени се наоѓаат 240 км северно од тукашниот копнен брег.
Сомовото Море требало да биде именувано во чест на рускиот океанолог и поларен истражувач Михаил Сомов (1908-1973), кој помеѓу 1955 и 1957 година бил командант на првата советска антарктичка експедиција.