Историја на Евреите во Солун

(Пренасочено од Солунски Евреи)

Историјата на Евреите во Солун се протега две илјади години наназад, со доаѓањето на Евреите познати како Романиоти. Градот Солун бил дом на голема еврејска заедница, во најголем дел со потекло од Сефардите, до средина на Втората светска војна. Ова е единствениот познат пример за еврејската дијаспора, во толкав град да живеат мнозинство Евреи со векови. Во текот на Втората светска војна, Германците ја окупирале Грција во 1941 година, и започнале со прогон на Евреите, каков што вршеле во другите делови на Европа. Во 1943 година, ги собрале солунските Евреи во гето блиску до железничката пруга, и започнале да ги депортираат во концентрациони и работни логори, каде умреле повеќе од 60.000 депортирани. Како резултат на ова, заедницата била речиси истребена. Денес во Солун живеат приближно 1200 Евреи.

Прибирање на солунските Евреи за да бидат иселени и испратени на прунудна работа (1941)
Еврејско семејство во Солун, 1917 г.

Поврзано

уреди

Библиографија

уреди
  • Le Monde sépharade (directed by Shmuel Trigano), éditions du Seuil, Paris, 2006. ISBN 978-2-02-090439-1
  • Salonique 1850–1918, la "ville des Juifs" et le réveil des Balkans, (under the direction of Gilles Veinstein), editions Autrement- series Memories, Paris, 1992. ISBN 978-2-86260-356-8
  • Mark Mazower, Salonica, City of Ghosts: Christians, Muslims and Jews, 1430–1950, Vintage Books, New York, 2005. ISBN 978-0-375-41298-1

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди