Слово од Кирил Филозоф како ги покрсти Бугарите или Солунска легенда е апокрифен текст од непознат автор, создаден за време на византиското владеење (XI - XII век). Во неа се среќаваат не само легендарни, но и патриотски бугарски традиции[1][2]. Познати се 4 примероци: софиски (XVI век), тиквешки (XVI век), трновски и константинов. Сите овие се откриени на територијата на Македонија.

Текстот е полн со историски неточности, така што уште на почетокот авторот ги меша личностите на Константин (Кирил) Философ и Кирил Кападокиски. Сепак, впечаток е дека авторот ги наеркува македонските Словени, вклучувајќи ги и солунјаните, „Бугари““, односно Βούλγαροι[3][4][5]. На преден план никнува идејата за Бугарите како избран народ од Бог, при што Бог го испраќа Кирил да ги покрсти и да им даде азбука:

Кириле, Кириле, оди во (големата) земја и меѓу словенските народи, наречени Бугари, бидејќи Господ те определил да ги покрстиш и да им дадеш закон.

Според „Солунска легенда“, т.н. „готско“ покрстување, коешто се случило на територијата на денешна Бугарија во IV век, е всушност покрстувањето на Бугарите, а „готскиот“ епископ Вулфила (по потекло од Кападокија) е истиот лик со Св. Кирил (вулф = курт = волк), па така „готското“ писмо, всушност, е кирилицата. Таква врска во своите трудови прави д-р Ганчо Ценов.

Наводи

уреди
  1. проф. д-р Георги Данчев: „Стара българска книжнина“, Велико Търново, 1996.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-22. Посетено на 2014-07-27.
  3. Грчкиот историчар Стилпон Кирјакидис (1887-1964) потврдува дека називот ‘бугари’ во Македонија е политички наметнат назив: “Византијците во времето на Самоил ги понижуваa македонските Славјани со името ‘бугари’ и македонската земја ја нарекуваа - ‘бугарија’… но Грците и ЦЕЛО СЛАВОЈАЗИЧНО НАСЕЛЕНИЕ го нарекуваа така - ‘бугари’” (The Northern Ethnological Boundaries of Hellenism)
  4. Loring Danford, “The Macedonian Conflict: Ethnic Nationalism in a Transnational World”, pg. 59
  5. Victor Roudometof , “Nationalism,Orthodoxy and Globalization” pg. 48

Надворешни врски

уреди