Соломонов суд
Соломонов суд е библиска приказна, во 1 Цареви 3:16-28,[1] каде две проститутки доаѓаат кај цар Соломон и му носат едно машко бебе. Тие живеат заедно и секоја од нив тврди дека му е мајка. Жените велат е дека една ноќ, откога на секоја од нив ѝ се родило дете, другата жена се разбудила и сфатила дека си го угушила детето додека спиела. Во очај и љубомора жената го зела мртвото дете и го заменила со живото дете на другата жена. Утрото жената се разбудила покрај мртво бебе, но веднаш сфатила дека не е неизиното, туку на другата жена.
По извесно размислување, царот Соломон наредил да му се донесе меч. Рекол дека има само едно праведно решение: живото бебе мора да се расцепи на две половини за да се подели подеднакво на двете жени. Кога ја чула оваа страшна пресуда, вистинската мајка извикала: „Ах, господару! Детето нека ѝ биде дадено нејзе, само немојте да го убиете!“ На тоа лажливата жена извикала: „Нека не биде ни мое ни твое: пресечете го!“. Соломон веднаш ѝ го дал бебето на вистинската мајка, воочувајќи го инстинктот на вистинската мајка да си го заштити чедото, и дека лажливата жена го барала само од љубомора.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Библија, Прва книга за царевите, 3 глава