Смртна казна во Узбекистан
Смртната казна во Узбекистан е укината.[1]
На 1 август 2005 година, претседателот Ислам Каримов потпишал декрет во кој се вели дека „смртната казна ќе биде укината во Република Узбекистан од 1 јануари 2008 година, како форма на кривична казна и ќе биде заменета со казна доживотен или долгогодишен затвор“. Причината за тригодишното одложување била потребата од изградба на нови затвори за сместување на лица осудени на доживотна казна наместо смртна казна.[2]
Последната егзекуција во Узбекистан била извршена во 2005 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Abolitionist and retentionist countries | Amnesty International“. Amnesty.org. Посетено на 2014-02-23.
- ↑ „HANDS OFF CAIN against death penalty in the world“. Handsoffcain.info. 1992-12-08. Посетено на 2014-02-23.
- ↑ „Death penalty: Countries abolitionist for all crimes | Amnesty International“. Amnesty.org. 2013-12-18. Посетено на 2014-02-23.