Сметачко глувче
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Глувче (од англ. mouse) е еден од најкорисните и најкористените периферни делови на сметачот. Спаѓа во т.н. влезни уреди. Постојат 3 типови на посредници за поврзување на глушецот со сметачот, и тоа: сериски (за постари сметачи), PS/2 и USB посредник. Сензорот за детекција на движењето на глушецот (раката на корисникот) може да биде: обичен, со топче или оптички. Со создавањето на напредните оперативни системи и зачетоците на графички опкружувања се јави неопходна потреба за проек-тирање и изработка на периферен влезен уред заради лесна навигација во овие графички средини. Првиот примерок на глувче е произведен од компанијата Microsoft заради потребите на тогашниот прв графички оперативен систем IBM-OS2 ( IBM е фирмата а OS2 е оперативен систем). Смислата на овој периферен уред и негово значење се добива во почетокот на 80-те години со настанокот на графичкиот операти-вен систем Windows 3.1 Овој периферен влезен уред спрема начинот на поврзување го делиме на :
- DIN 9 PIN-Сериски конектор
- PS2-Приклучок
- USB-Приклучок
Според функционалноста можеме да ги наведеме следниве типови на глувчиња:
- глувче со 2 копчиња
- глувче со 3 копчиња
- глувче со 4 копчиња
- глувче со 5 копчиња
- глувче со вграден лизгач
- комбинирано глувче (со повеќе копчиња и лизгачи)
Со напредокот на технологијата и кај овој уред се видни подобрувања и сè повеќе се физички ергономски дотерани за полес-но ракување и намалување на штетните последици од долготрајно ракување. Новата технологија за изработка на овој уред го донесе и оптичкиот глушец. Овој глушец работи на принципот на емитирање на инфрацрвени зраци, кон подлогата и со неверојатна брзина од неколку милиони пати во секунда врши отчи-тување на рефлектираните инфрацрвени зраци, со чија помош ја дефинира моменталната способност. За разлика од стандардно изведените глувци, кој имаат топче на долниот дел кон подлогата и вршат отчитување со помош на механички пренос до внатре вградените читачи, овој нов тип не само што има подобри перформанси туку е и од хигиенска и практична гледна точка подобар. Безжичноста покрај воведувањето кај тастатурата се воведе и во овој уред.
Денес ги сретнуваме овој тип на безжични глувци (wireless mouse) кој користат два типа на примопредаватели:
- Примопредавател по пат на светлина
- Примопредавател по пат на звук
Постојат комбинирани глувци од сето горе наведено.
- Глувче со 3 копчиња и оптички читач.
- Безжично глувче со 3 копчиња и стандарна изведба.
- Безжично глувче со 5 копчиња.
- За користење на сите наведени глувци потребно е да имаме и пад-основа или подлога за глувче.