Скаменета студена земја

„Скаменета студена земја“ (англиски: Stoned Cold Country) — документарен филм на режисерот Бен Смолбоун (Ben Smallbone) од 2023 година. Филмот ги прикажува настаните за време на снимањето на музичкиот албум, објавен по повод прославата на 60-годишнината на Куќата на славните на рокенролот. Албумот содржи обработки на познатите песни на Ролинг Стоунс кои ги снимиле повеќе музичари, како: Браќата Озборн (Brothers Osborne), Ерик Чрч (Eric Church), Стив Ерл (Steve Earl), Брукс и Дан (Brooks & Dunn), Лејни Вилсон (Lainey Wilson), Марен Морис (Maren Morris) итн. Притоа, изведувачите зборуваат за влијанието на Ролинг Стоунс врз нивните музички кариери, а исто така, во филмот се прикажуваат и сцени од студиото во кое музичарите ги изведуваат песните на оваа група.[1]

Наводи

уреди