Синагоги во Битола

Синагоги во Битола - Во XIX век според патеписците бројот на битолските Евреи е даден доста различно. Така, се споменуваат 1400, 2000, 4000, 5000 жители. Во почетокот на XX век бројноста е различна и таа варира од 5500, 6000, 7000, 8200, 14000. За ваквите различни податоци влијаеле најмногу миграциите - населувањата и отселувањата кои обично биле масовни. Со прирастот на еврејско во Битола, биле подигнати бројни синагоги, покрај постарите познати:

  • Синагога - Ил Кал де Озер Далим, Битола
  • Синагога - Ил де ла Хавра Кадиша, Битола
  • Синагога - Ил Кал де Хам (хахам), Битола
  • Синагога - Јихцан Леви, Битола
  • Синагога - Ил Кал де Саломон Леви, Битола
  • Синагога - Ил Кал Јахнел Леви, Битола
  • Храм за младите во зградата на училиштето
  • Храм во населбата Лос Куртижос

Синагогите , големи или мали, биле складишта на стари верски книги. Добар дел од книгите особено во двете постари синагоги биле пишувани на пергамент и на стареврејски (хебрејски) јазик. [1].


Наводи

уреди