Симфонија бр. 85 (Хајдн)
Симфонија бр. 85 во Б-дур, Хобокен I/85, ― четвртата од шесте Париски симфонии (броеви 82–87) напишани од Јозеф Хајдн. Популарно е позната како „Кралица“ (изворно: La Reine).
Заднина
уреди85-тата симфонија била завршена или во 1785 или 1786 година.[1] Рано го направила својот пат до Соединетите Држави, најпрво преку аранжман на клавијатура како онаа на која свирел Нели Кустис во Белата куќа.[2]
Прекар (La Reine)
уредиПрекарот „La Reine“ настанал затоа што делото било омилено на Марија Антоанета, во тоа време кралица на Франција.[3] Таа е единствената од Париските симфонии чиј прекар потекнува од 18 век.[4]
Ставови
уредиСимфонијата е во стандарден четириставичен облик и е осмислена за флејта, две обои, два фаготи, две хорни и гудачки инструменти.
Првиот став содржи референца на Симфонијата бр. 45 „Збогум“.[5] Вториот став е опишан од Хауард Чендлер Робинс Лендон како „збир на варијации на старата француска народна песна „La gentille et jeune Lisette“.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уредиОпшти извори
уреди- Робинс Лендон, Х. Ч. (1963). Joseph Haydn: Critical Edition of the Complete Symphonies, Universal Edition, Виена
- Стајнберг, Мајкл (1995). The Symphony: A Listeners Guide. Oxford University Press.
- Харисон, Бернард. Haydn: The "Paris" Symphonies (Cambridge University Press, 1998)
- Кирк, Елиза К. Music at the White House: A History of the American Spirit (University of Illinois Press, 1986)