Симон Кисковски е македонски автор и академик. Роден е во село Долно Дивјаци, Крушево. Основно и средно образование завршува во родниот град, по што се запишува на верски науки. Од верски науки, се одлучува да продолжи да студира Филозофија на универзитетот во Скопје.

Бидејќи имал поголеми амбиции, се одлучува да се отсели во Франција. Таму, одлучува да се пренасочи на технички науки и да студира информатика на Парискиот универзитет. Покрај студиите, паралелно работи и како информатичар во автомобилската индустрија Рено. По завршувањето на информатичките студии, почнува да предава. Сепак, поради афинитетот кон социјалните науки, одлучува да продолжи со студии на психологија на Парискиот универзитет.

При таа промена, ја напушта својата работа во автомобилската индустрија и се вработува во корпорација Thomson, сектор на воена индустрија, задолжен за микро информатика.

Во 1980-те, ја основа сопствената фирма "Mak-system" насочена кон развој на медицински софтвери. Таа продолжува со работа на сите континентиндо денешниот ден. Во 2024, во Скопје, ја издава книгата "Каде одиш Македонијо?" во кој дава осврт на неколку теми поврзани со неговата родна држава. Покрај кус осврт на историката на земјата од античко време, Кисковски исто така ги дискутира и темите за економијата, информатиката и дигиталните услови во државата.[1]

Наводи уреди

  1. Кисковски, Симон. Каде одиш Македонијо? 2024