Симона Бордони родена во 1972 година, е италијанска професорка по атмосферска физика која води истражувачка група на Универзитетот во Тренто од 2019 година. Таа ја проучува атмосферската динамика, со посебно разбирање на спојувањето помеѓу поголемите циркулации и хидролошкиот циклус, особено на тропските монсунски системи.

Симона Бордони
Страница
web.gps.caltech.edu/~bordoni/

Кариера

уреди

Бордони магистрирала во атмосферски науки на УКЛА во 2003 година, а докторирала по атмосферски и океански науки на УКЛА во 2007 година. Потоа била професор асистент од 2009 до 2017 а станала редовен професор по наука и инженерство за животна средина од 2017 до 2019 на Технолошкиот институт во Калифорнија.

Бордони и Тапио Шнајдер имаат високо значаен труд за почетокот на азискиот монсун кој се користел за идеализиран климатски модел за да покаже дека монсунот е брза транзиција помеѓу два циркулациони региони.[1] Симон, исто така, соработувала со Салваторе Паскале, за да го проучува слабеењето на северноамериканскиот монсун и неговите последици за регионалните водни ресурси.[2] Нејзината анализа на океанските ветрови над Калифорнискиот Залив и североисточниот дел на Тихиот Океан идентификувала дека почетокот на летната сезона е придружен со сезонски пресврт на протокот на ветерот долж Заливот.[3]

Области на интерес

уреди

Таа најчесто се занимава и има интерес во Монсуни, Тропски динамики, Динамика на Климатските Интеракции помеѓу мезоскалите и големите циркулации [4]

Награди

уреди
  • 2014 ISSNAF (Фондација за италијански научници и научници од Северна Америка) Награда за млад научник во еколошки науки [5]
  • 2009 Џејмс Р. Холтон помлад научник награда [6]

Наводи

уреди
  1. Tapio Schneider; Bordoni, Simona (August 2008). „Monsoons as eddy-mediated regime transitions of the tropical overturning circulation“. Nature Geoscience. 1 (8): 515–519. Bibcode:2008NatGe...1..515B. doi:10.1038/ngeo248. ISSN 1752-0908.
  2. Pascale, Salvatore; Boos, William R.; Bordoni, Simona; Delworth, Thomas L.; Sarah B. Kapnick; Murakami, Hiroyuki; Vecchi, Gabriel A.; Zhang, Wei (November 2017). „Weakening of the North American monsoon with global warming“ (PDF). Nature Climate Change (англиски). 7 (11): 806–812. Bibcode:2017NatCC...7..806P. doi:10.1038/nclimate3412. ISSN 1758-6798.
  3. Bordoni, Simona; Ciesielski, Paul E.; Johnson, Richard H.; McNoldy, Brian D.; Stevens, Bjorn (2004). „The low-level circulation of the North American Monsoon as revealed by QuikSCAT“. Geophysical Research Letters. 31 (10): n/a. Bibcode:2004GeoRL..3110109B. doi:10.1029/2004GL020009. ISSN 1944-8007. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  4. „Simona Bordoni Research Group at Caltech“. web.gps.caltech.edu. Посетено на 2020-03-07.
  5. „ISSNAF AWARD LAUREATE - ISSNAF - Italian Scientists and Scholars in North America Foundation“. www.issnaf.org. Архивирано од изворникот на 2016-09-09. Посетено на 2019-04-12.
  6. „Bordoni Receives 2009 James R. Holton Junior Scientist Award“. Honors Program. Посетено на 2019-04-12.

Надворешни врски

уреди