Сикан Карлсон
Сикан Ана-Грета Карлсон (12 август 1915 – 2 ноември 2011), била шведска филмска и театарска глумица и пејачка.
Биографија
уредиОд 1930-ти до 1950-ти години, Карлсон била најпопуларната шведска филмска глумица и најплатена, достигнувајќи ја платата дури и на најпопуларниот машки изведувач. Таа исто така била успешна пејачка, имајќи повеќе сценски перформанси и музички ревизии. Таа била најпозната по нејзините комични филмови, кои го достигнаа својот врв за време на Втората светска војна. Неколку од нејзините филмови од овој период вклучуваат оптимистички музички теми, наменети да го подигнат моралот на нејзината публика која била изморена од војната. Ликовите кој таа ги глумела после војната биле многу посложени од оние што ги глумела претходно и нејзините таленти за пеење не биле често прикажани. Нејзината сценска персона била безгрижна, енергична млада жена која оптимистички ги соочувала своите проблеми. Нејзините филмови биле доста популарни и често имале долги прикажувања во кино салите.
Карлсон е најчесто поврзана со двајцата режисери: Шамил Бауман (во филмовите од 1945 до 1955 година) и Хасе Екман (1956–65). Иако била препознатлива најмногу по нејзините лесни улоги, таа исто така можела да портретира помрачни ликови по потреба. Еден од нејзините најпознати драмски дела било во 1961 година, Градината на задоволството, со сценарио напишано специјално за неа од Ингмар Бергман.
Карлсон јавно изјавила дека сепак не ѝ пречело да биде избрана за комични улоги и е горда што ѝ биле дадени делови што ѝ овозможиле да ја насмее публиката.
Бракови
уредиБила родена во семејство од работничка класа, таа се борела да биде прифатена во средина од високата класа и издржала два развода пред бракот со стопанственикот Солве Адамсон, кој завршил со неговата смрт во 1987 година. За време на нејзиниот прв брак со Госта Ројтер, ја родила ќерката Ингегард.
Подоцнежните години
уредиВо 2005 година била наградена со почесна награда Гулдбаге, на наградите Гулдбаге во Шведска.
Користена литература
уреди- Carlsson, Sickan; Sickan (autobiography), Bonniers, Stockholm, Sweden, 1977.
- Holm, Crick; På tu man hand med filmidoler (chapter Sickan Carlsson), Medéns, Stockholm, Sweden, 1947.
Надворешни врски
уреди- Sickan Carlsson на Семрежната филмска база на податоци (англиски)