Сигма протокол
„Сигма протокол“ е последниот роман напишан од Роберт Ладлам, издаден после неговата смрт. Во романот се зборува за синот на човек што го преживува Холокаустот кој се вмешува во интернационална завера скована од индустријалци и фанансиери кои сакаат да искористат воена технологија.
Податотека:Ludlum - The Sigma Protocol Coverart.png | |
Автор | Роберт Ладлам |
---|---|
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Жанр | Трилер |
Издавач | St. Martin's Press |
Страници | 528 |
Резиме
уредиБен Хартмен се одмора во Швајцарија и таму сретнува еден стар пријател, Џим Кавено, кој се обидува да го убие. Додека бега од убијците, мистериозните следачи и полицијата и додека бара безбедно место за криење, тој го наоѓа својот брат-близнак, Питер, за кого тој мислеше дека загинал во авионска несреќа неколку години претходно. Питер опишува интернационална корпорација која се формирала во последните денови ов Втората светска војна и ја сочинуваат финансиери, влијателни членови на големи корпорации и богати Нацисти. Тој му дава фотографија на Бен со некои од водачите и така дознаваат дека и татко им бил член. Наскоро, еден убиец ќе го убие Питер, а Бен повторно бега. Подоцна ќе се запознае со Лизел, девојката на Питер.
Во меѓувреме, агентката Ана Наваро од Министертството за одбрана на САД е регрутирана во тајна група за да ја истражува смртта на неколку влијателни луѓе низ целиот свет кои умреле на мистериозен начин. Нејзината истрага води до лажни траги, можни прикривања и ќор-сокаци, додека не најде човек кој можеби бил отруен со истиот нејасен отров. Следејќи ги трагите, таа дознава дека луѓето кои треба да ги истражува се дел од интернационална група на финансиери и деловни могули. Наскоро дознава дека ја пријавиле како одметнат агент, па почнуваат и обидите на нејзиниот живот.
Преку свои начини за истражување, двајцата протагонисти откриваат повеќе за матната група, која се нарекува Сигма. Се дознава дека Сигма прераснала од едноставен обид да се собере нацистичкото богатство и да се стабилизира индустриската и финансиската состојба на светот после војната, до политичка и финансиска машина која која контролира скоро 75% од светските најдобри компании и има доволно политичко влијание директно да влијаат дури и на претседателските избори. Исто така, Сигма им помогнала на неколку нацистички воени злосторници, вклучувајќи го и нацистичкиот доктор Герхарт Ленц да избегаат.
Протагонистите Хартмен и Наваро се сретнуваат и склопуваат сојуз, бидејќи и двајцата ги бркаат убијци од Сигма. Заедно, дознаваат дека Сигма има внатрешни проблеми. Основачите кои се мртви или се на смртна постела, веруваат дека Сигма треба да се распане бидејќи ја одиграла својата улога во светот. Нив ги нарекуваат бунтовнички ангели, и ги прогонува новиот водач на Сигма. Новиот водач, филантропскиот доктор Јигрен Ленц, нашол нова насока на груапта и одлучил да ја елиминира сета внатрешна опозиција.
Ленц ја киднапира Наваро, а Хартмен ги следи до еден стар замок на Австриските Алпи. Успешно се инфилтрира во замокот и ја дознава новата насока на Сигма: подмалдување. Ленц нашол начин да го сопре стареењето на луѓето врз основа на експериментите кои се вршеле за време на Втората светска војна врз деца со прерано стареење познато како Прогерија, и лечи дел од светската елита за да го сопре и нивното стареење. Ленц е првиот успешен експеримент, бидејќи неговото вистинско име е Герхарт; тој е нацистичкиот доктор и еден од основачите на Сигма. Откако ќе го убијат Ленц, Хартмен и Наваро бегаат со хеликоптер, додека замокот е уништен од лавина.
Книгата е основата на групата Билдерберг и митовите и мистериите кои ја опкружуваат.