Сибирска ригеста верверица

Видови на цицачи
Сибирска ригеста верверица
Научна класификација
Царство: Животни
Оддел: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Rodentia
Семејство: Sciuridae
Род: Eutamias
Вид: E. sibiricus
Научен назив
Eutamias sibiricus
(Лаксман, 1769)
Подвидови
  • sibiricus
  • asiaticus
  • lineatus
  • okadae
  • ordinalis
  • orientalis
  • pallasi
  • senescens
  • umbrosus[2]
Распространетост на сибирската ригеста верверица.[3]
Синоними

Tamias sibiricus (Laxmann, 1769)

Сибирска ригеста верверица (Eutamias sibiricus) е претставник од семејството верверици. Таа живее само во тајги. Телото и е долго 12-17 см, а опашката 6-9 см. На прстите има остри канџи со помош на кои одлично се искачува, иако воглавно живее на земја. Се храни со плодови, семки, фиданки на дрвја и грмушки, габи и јајца од птици и бубачки. За зимата собира залихи од храна кои ги закопува во дупка во земјата. На тој начин сибирските ригести верверици шират семиња од разни растенија и спори од габи, поради што играат важна улога во екосистемот на тајгите. Нивните живеалишта, кои ги копаат под земјата, се мошне чисти и уредни, па отпадоци и измет чуваат во посебни ходници. Во текот на зимата спијат зимски сон. Се будат во април, по што почнува сезоната за парење. Во мај и јуни женките котат 3-7 млади, кои уште неколку недели остануваат во подземното живеалиште.

Наводи

уреди
  1. Tsytsulina, K.; Formozov, N.; Shar, S.; Lkhagvasuren, D.; Sheftel, B. (2008). „Tamias sibiricus“. Црвен список на МСЗП. Меѓународен сојуз за заштита на природата. |access-date= бара |url= (help)
  2. Tamias (Eutamias) sibiricus Архивирано на 5 јуни 2010 г., Mammal Species of the World, 3rd ed.
  3. IUCN (International Union for Conservation of Nature) 2008. Tamias sibiricus. In: IUCN 2015. The IUCN Red List of Threatened Species. Version 2015.2. http://www.iucnredlist.org. Downloaded on 10 July 2015.