Серафим Китаноски

Серафим Блажев Китаноски (1916 во Издеглавје, Охридско — февруари 1944 во Барбарос, Бродско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис

уреди

Серафим Блажев Китаноски е роден во селото Издеглавје. Бил Студент. Како ученик во гимназијата во Крагуевац, во предвоениот период се запознава и се определува за напредното движење. Опфатен со движењето на отпорот од 1941 година, како толкувач кај италијанците во карабинерската станица во Издеглавје, врши услуги за НОБ. Во мај 1943 година стапува во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Како командир на чета во Првата македонско-косовска ударна бригада е заробен во богомилскиот поход и стрелан кај Барбарос во февруари 1944 година.[1]

Наводи

уреди
  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)