Селевкидски календар

(Пренасочено од Селевкидска ера)

Селевкидски календар — систем за броење на годините кој се користел во Селевкидското Царство и други земји меѓу старите македонски цивилизации. Понекогаш се нарекува „владеењето на Селевкидите,“ или пак годината на Александар. Оваа ера започнува со повторното освојување на Вавилон од Селевк I Победникот во 312/11 година п.н.е по неговото протерување во птоломејскиот Египет,[1] ден кој се сметал од страна на Селевк и неговиот двор за почеток на Селевкидското Царство. Според еврејската традиција, ова сметеање на времето започнало од шестата година од владеењето на Александар III Македонски.[2] Воведувањето на новата ера е споменато во еден од Вавилонските летописи, летописот за дијадосите.[3]

Пример од Кина: сирискиот текст на дното на Стелата Ксијан споменува дека стелата била подигната во „Годината на Грците 1092“ (781 н.е.), во империјалниот главен град Чанган (денешен Сиан).

Селевкидските години се користеле на два различни начини:

  1. Домородното население го користело вавилонскиот календар, во кој новата година е на 1 Нисану (3 април 311 година п.н.е), па така во овој ситем првата година од селевкидката ера се совпаѓа со април 311 година п.н.е и март 310 година п.н.е. овде можат да се споменат и Евреите, кој го нарекувале Ера на договори. Се користел во историската книга на Евреите, сега девтероканонската 1 Макавејци, во 6:20, 7:1, 9:3, 10:1, итн.[4]
  1. Македонскиот двор го прифатил вавилонскиот календар (именувајќи ги со македонски имиња месеците) но новата година биле преместена во есен. Во овој систем 1 година е периодот од есента 312 година п.н.е до крајот на летото 311 година п.н.е. До седмиот век од новата ера/ со век по слевкидскиот календар, западните сириски христијани годината ја сметале од 1 октомври до 30 септември.[5] Евреите пак, секој почеток на селевкидската година го поврзувале си месечевиот месец Тишари.

Овие разлики на почетоците на годините заначело дека истите се разликувале. Според примерот на Бикерман:

На пример, обновувањето на храмот во Ерусалим од страна на Јуда Макавејски, било околу 15 декември 164 година п.н.е, настанот пак бил во 148 година според еврејските и вавилонските пресметки, но за македонскиот двор настанот бил во 149 година.[6]

Селевкидската ера се користела до крајот на 6 век од новата ера, како на пример во записите на Зебедите во Сирија, од 24 Горпиај 823 гоодина (24 септември, 512 година),[7] а и во записите на Јован Ефески.[8] Сириските летописци продолжиле да го користат сè до Михаил Сириецот во 1100 година/ 1400 година според селевкидскиот календар.[5] Најден е на написите на надгробните спменици на Источната црква во Средна Азија кои се од 14 век од новата ера.[9]

Еврејско-вавилонскиот календар кој се користел од јеменските Евреи до современиот период, продолжил да се користи и при определени ритуали до ден денешен.[10]

Наводи

уреди
  1. Denis C. Feeney, Caesar's Calendar, University of California Press, Berkeley 2007, p. 139.
  2. Babylonian Talmud (Avodah Zarah 10a), Rabbeinu Hananel's Commentary; RASHI's commentary on Babylonian Talmud (Avodah Zarah 9a); Sefer Hakabbalah of Rabbi Avraham ben David (Ravad); Midrash David on Mishnah Tractate Avot (Ethics of the Fathers, 1:6)
  3. Babylonian Diadochi Chronicle (BCHP) 3 Архивирано на 24 март 2012 г.; obverse, line 4.
  4. Emil Schürer (1890). A History of the Jewish People in the Time of Jesus Christ. T&T Clark. стр. 36–44.
  5. 5,0 5,1 Andrew Palmer (1993). The Seventh Century. Liverpool University Press. стр. xxxiv, xxxvii, lii–lviii.
  6. Elias J. Bickerman (1943). „Notes on Seleucid and Parthian Chronology“. Berytus. 8: 73–84.
  7. M. A. Kugener, "Nouvelle Note Sur L'Inscription Trilingue De Zébed", Rivista degli Studi Orientali (1907), pp. 577-586.
  8. Peter Charanis, "On the Question of the Hellenization of Sicily and Southern Italy During the Middle Ages", American Historical Review, 52:1 (1946), p. 82.
  9. „Syriac Gravestones from Central Asia“. Архивирано од изворникот на 2001-04-08. Посетено на 2014-09-28.
  10. Jewish Encyclopedia

Библиографија

уреди