Свети Јован Кушчник
Јован Кушчник е христијански светец.
Јован Кушчник | |
---|---|
Икона на Јован Кушчник | |
Роден(а) | непознато, Цариград |
Починал(а) | 450 |
Почитуван(а) во | православие |
Слава | 15 јануари (Православие) |
Заштитништво | Georgia |
Роден e во Цариград за време на царот Лав V, од богати и познати родители. Бил единец на своите родители. Повлечен со склоност кон духовен живот, младиот Јован одбегнал тајно со еден монах во некој манастир во Мала Азија. Во тој манастир престојувал 6 години во преголемо воздржување, молитва и послушност кон игуменот. Тогаш, според христијанските верувања, го нападнал ѓаволот со искушение, така што требало да го остави манастирот и да се врати кај своите родители да живее кај нив како благородник. Тој навистина се вратил во домот на своите родители, облечен како просјак, ги видел своите родители, но не сакал да им се јави како нивни син, туку како просјак се населил во нивниот двор, живеејќи само од трошките што слугите му ги фрлале и поднесувајќи многу понижувања од секого.
По три години, кога се разболел и го почувствувал приближувањето на смртта, тој им се јавил на своите родители, кои го познале по едно скапоцено евангелие што тие во детството му го подариле и коe тој го чувал кај себе како целокупен свој имот. Поќинал во 450 година[1].
Православната црква нејзиниот ден го чествува на 15 јануари.
Наводи
уреди- ↑ „Охридски пролог“ стр. 19